Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
287 
6.6.5. Природни непогоди , техничко -технолошки хаварии и воени разурнувања 
6.6.5.1. Природни непогоди 
Управувањето со загрозеност (ризик) во насока на намалување на опасностите од 
катастрофи, се спроведува преку систематска примена на политики, процедури и практики 
со цел идентификување, анализа, проценка, контрола и следење на ризикот. Дефиницијата 
на ово ј процес во контекст на катастрофи е пропишана со Стратегијата на Обединетите 
нации за намалување на ризикот од катастрофи (UN
-ISDR, 2004). 48 
Универзалната рамка за управување со загрозеност (ризик) е дефинирана во четири 
различни целини, и тоа:  
· Подготвеност,  
· Ублажување,  
· Одговор и  
· Закрепнување.  
Овие целини се реализираат во три фази: пред/за време/по катастрофа. Одделните 
фази се взаемно инклузивни и повеќедимензионални бидејќи се силно меѓусебно поврзани, 
додека секоја целина ги одразува одделните аспекти на катастрофата со цел подобрување 
на елементите на управување со ризик. 
Табела бр. 82 Основни елементи, фази и соодветни мерки за намалување на загрозеноста од 
катастрофи 
Подготвеност 
Пред 
катастрофа 
Подигање на свест за опасност од катастрофи и едукација
 
Стратегија и план за одговор при катастрофи,
 
Избор/определување на засолништа, 
План за евакуација, обука за однесување за време на 
земјотрес, систем за предупредување. 
Намалување/ 
ублажување 
на ризик 
Пред 
катастрофа 
Ретрофит, рехабилитација, соодветна регулатива за 
зајакнување, спроведување на регулатива, 
Зонирање и управување со просторот, 
Осигурување, резервен фонд, 
Одговор 
За време на 
катастрофа 
Центар за управување со кризи, 
Служба за мобилизирање и активирање на медицинска 
помош, 
Тим за пребарување и спасување, 
Лоцирање (GPS) и дефинирање на интензитетот на настанот,
 
Комуникација со јавноста 
Обновување 
После 
катастрофа 
Медицинска нега, 
Рехабилитација, реконструкција, 
Финансиска помош, 
Обновување на јавната инфраструктура и основните 
функции 
Активирање на економските активности 
Согласно Акциониот план за циркуларна економија (Circular Economy Antion Plan), 
изготвен за потребите на воведување зелена и дигитална транзиција во нашата држава, 
базирана на ЕУ Зелениот договор (Green Deal) и транзицијата на индустријата од линеарна 
 
48 (UN-ISDR, 2004)Living with Risk: A Global Review of Disaster Reduction Initiatives. International Strategy for 
Disaster Reduction, 2004 version Geneva, Switzerland: UN Publication
 
