Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
286 
Табела бр. 81 Предлог за ревалоризација (2025 -2040) 
Конзерваторски 
центри и Заводи 
за заштита на 
спомениците на 
културата 
 
 
 
ПРЕДЛОГ - ДИНАМИКА НА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА
 
(за период од 2025 до 2040 година) 
ПЛАНСКИ 
ПЕРИОД 
Споменички 
целини 
Комплекси од 
религиозен 
карактер 
Стопански 
комплекси 
Археолошки 
локалитети 
Верски објекти 
Цивилни објекти 
Гробни објекти 
Вкупно 
Градски 
јадра 
Рурални 
јадра 
2025 -2030 
4 
3 
20 
4 
40 
50 
220 
9 
350 
2030 -2035 
4 
2 
20 
/ 
45 
50 
210 
5 
336 
2035 -2040 
/ 
/ 
/ 
/ 
40 
62 
212 
5 
319 
ВКУПНО 
(2025 -2040) 
8 
5 
40 
4 
125 
162 
642 
19 
1005 
Со предложената динамика осумте установи за заштита на културното наследство во 
текот на реализацијата на Просторниот план треба да завршат со облигаторната 
ревалоризација. 
Непосредната заштита на недвижното културно наследство е континуиран процес кој 
се спроведува со цел зачувување, заштита и подобрување на физичката состојба на 
недвижното културно наследство. Покрај редовното одржување на заштитените добра, кое 
е од исклуч
ително значење за зачувување на културното наследство, по потреба се 
превземаат превентивни интервенции, конзервација, реставрација и санација на настанатите 
оштетувања на културното наследство. Во исклучителни случаи се превземаат и делумни 
реконструктивн и зафати. Низа фактори влијаат на реализацијата на непосредната заштита, 
поради што е тешко да се планираат ваквите активности за подолг временски период. 
Приоритет во преземањето мерки на непосредна заштита треба да имаат недвижните 
културни добра од категоријата 
културно наследство во опасност, на кои им се заканува 
конкретен ризик од понатамошно забрзано структурно пропаѓање, активни деградациски 
процеси поради напуштеност, или промени од други релевантни фактори.
 
Според доставените предлози од стручните служби за заштита на културното 
наследство, а имајќи ги предвид досегашните искуства, екипираноста на службите со 
потребните стручни лица за реализација на активности на непосредна заштита и буџетските 
средства кои годишно се издвојуваат од буџетот на Министерството за култура и туризам за 
оваа намена, секако и комплексноста на самиот процес на непосредна заштита, може да се 
планира дека секоја од осумте институции за заштита на културното наследство ќе 
реализира неп осредна заштита на 3 -4 објекти во текот на петгодишен период. 
