Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
284 
6.6.4. Културно наследство 
За реализација на утврдените општи цели за заштитата на културното наследство, во 
планскиот период потребно е пред да се финализира постапката на валоризација и 
ревалоризација на целокупниот споменичен фонд на недвижни културни добра на целата 
територија н а Државата. Предмет на валоризација можат да бидат оние добра за кои 
основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство и заслужуваат да бидат 
ставени под заштита, како добра под привремена заштита или кога станува збор за 
археолошките локали тети, како резервирани археолошки зони. Оваа мерка не се однесува 
на добра со признат статус привремена заштита ex lege или статус на културно наследство 
ex lege. Валоризација како мерка на заштита се определува за сите
 
евидентирани/незаштитени недвижни добра во Инвентарот – Б, кои заслужуваат да бидат 
прогласени за културно наследство со акт за заштита. Имено со валоризацијата се 
овозможува појасна идентификација на вредностите, значењето и својствата на добрата, 
како предуслов за нивна правна верификација ка
ко заштитени добра, 
категоризација, 
определување на границите на заштитеното подрачје и соодветен режим на заштита.
 
Во периодот на реализација на Просторниот план на Република Северна Македонија 
до 2040 година треба да се валоризираат вкупно 6913 добра од сите видови, запишани во 
заштитните евиденции. Динамиката на реализација на постапките на валоризација и 
ревалоризација ќе зависи од исполнувањето на потребните улови и политиката во заштитата 
на културното наследство усвоена и спроведувана од стр
ана на Министерството за култура 
и туризам (обезбедување на финансиски средства и екипирање на надлежните институции).
 
Табела бр. 78 Број на добра превидени за валоризација 
 
РЕПУБЛИКА 
СЕВЕРНА 
МАКЕДОНИЈА 
Споменички 
целини 
Комплекси 
религиозен 
карактер 
Стопански 
комплекси 
Археолошки 
локалитети 
Верски 
објекти 
Цивилни 
објекти 
Гробни 
објекти 
Вкупно  
Број на добра 
предвидени за 
валоризација 
134 
50 
21 
4668 
973 
1042 
25 
6913 
Според тоа, оптимално би било во поголем дел да се валоризираат споменичките 
целини и комплексите од религиозен карактер, а останатите видови на културно наследство 
како што се: стопанските комплекси, археолошките локалитети, верските објекти, цивилните 
објекти и гробните објекти само делумно, според состојбата и потребата на добрата
. 
