Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
272 
· задолжителна климатска и геоморфолошка проценка при нови инфраструктурни 
зафати, 
· засилена заштита од поројни поплави, 
· пошумување и стабилизација на ерозивни терени. 
Намалувањето на снежната покривка и промените во хидролошкиот режим, кои се 
најизразени во планинските области во западниот дел 
на Државата наметнуваат потреба 
од: 
· ревидирање на стратегијата за зимски туризам, 
· прилагодување на хидроенергетските планови врз основа на идните проекции на 
истекување, 
· заштита на извориштата и високопланинските екосистеми.
 
Зголемувањето на топлотните екстреми и поплавниот ризик во 
урбаните центри 
може да се ублажат по пат на: 
· интеграција на зелената и сината инфраструктура како задолжителен елемент во 
урбанистичките планови, 
· ограничување на урбана експанзија во поплавни рамнини, 
· примена на климатска анализа при изработка на планска документација од пониско 
ниво. 
Принципот на 
климатска отпорност (climate resilience) на критичната 
инфраструктура , подразбира: 
· проценка на ранливост на брани, мостови, патишта, железници и енергетски системи,
 
· интегрирање на климатските проекции во фазата на проектирање,
 
· приоритетно зајакнување на инфраструктурата во зони со зголемен ризик од поплави, 
свлечишта и екстремни температури. 
Овие мерки ќе овозможат намалување на долгорочните економски штети и 
зголемување на сигурноста на системите кои се од витално значење за државата.
 
Земјоделство 
Климатските промени ќе имаат негативно влијание врз продуктивноста на 
земјоделското производство. Кај зимскиите култури се очекуваат помали негативни 
влијанија, бидејќи рано созреваат и го избегнуваат најтоплиот дел од годината, а кај 
културите кои останув аат на нивите цело лето се очекуваат поизразени негативни влијанија. 
Поместувањето на датумите на сеидба, навремено хранење и заштита на растенијата треба 
да овозможи растенијата подобро да ги толерираат сувите услови, а собирањето на 
дождовницата во перио ди од годината кога има повеќе врнежи, ќе овозможи истата да се 
користи во периоди кога има недостаток од вода. 
Мерки за ублажување на влијанието од климатските промени во земјоделството се:
 
· Реонизација (агро
-еколошко зонирање) на земјоделското производство според 
почвено-климатските услови на реоните, 
· Модернизација на системот за наводнување со примена на фотоволтаично 
наводнување за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата,
 
