Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
271 
следење на климатските промени и внимателно управување со ресурсите, но не и структурни 
рестриктивни мерки. 
Класа 3 – Средна ранливост 
Во оваа класа припаѓаат делови од поголемите котлини и ридските појаси со умерена 
урбанизација со јасен тренд на затоплување и летна редукција на врнежи, и со зголемена 
појава на екстреми. Оваа категорија претставува зона на засилена адаптациска потреба и 
внимателно планирање на нова инфраструктура.
 
Класа 4 – Висока ранливост 
Висока ранливост на климатски промени е присутна во централните делови на 
Скопската котлина, Повардарскиот коридор, Тиквешкиот регион, делови од Пелагонија и 
Струмичко -Гевгелискиот регион. Овде се преклопуваат засилен температурен тренд, 
изразена летна ари
дизација и значителна урбана експанзија. Просторно, овие зони 
претставуваат приоритет за имплементација на мерките за намалување на топлотните 
острови, управување со водните ресурси и контрола на ширење на урбаните површини.
 
Класа 5 – Многу висока ранливост 
Многу високата ранливост на климатски промени е концентрирана во 
најурбанизираните и котлински делови, особено во Скопје и централниот Повардарски појас, 
како и во делови од југоисточниот регион. На овие простори се комбинираат најсилен 
температурен тренд, летен дефицит на врнежи, зачестени екстреми и висока антропогена 
концентрација. Овие подрачја се идентификуваат како приоритетни адаптациски зони во кои 
што се неопходни структурни, инфраструктурни и регулаторни мерки.
 
Индексот на климатската ранливост укажува дека климатската ранливост во 
Државата има изразена котлинско -коридорска структура, со доминација на повисок ризик во 
пониските, урбанизирани и аридни региони, и релативна отпорност во високопланинските 
појаси. Ово ј резултат потврдува дека просторната конфигурација на ризикот не е случајна, 
туку тесно поврзана со орографијата, урбаната структура и регионалните климатски 
трендови, што го прави графичкиот приказ на ICR клучен инструмент за стратешко просторно 
планирање и дефинирање на националните приоритети за климатска адаптација.
 
Мерки за ублажување на влијанието и адаптација на климатските промени 
 
Климатските ризици се различни за различни подрачја во Државата. Оттаму и 
мерките за адаптација и ублажување на климатските промени се регионално 
диференцирани. 
Во услови на зголемени температури и намалени летни врнежи, 
повардарскиот и 
југоисточниот регион се изложени на најголем ризик од суши и деградација на земјиштето. 
Во овие региони има потребa од: 
· оптимизација и модернизација на системите за наводнување, 
· ограничување на проширување на водоинтензивни култури без претходна анализа на 
воден биланс, 
· заштита на обработливото земјиште од ерозија и  
· зголемување на енергетската ефикасност во аграрниот сектор.
 
Со оглед на изразените ерозивни и денудациски процеси во 
источните области во 
државата се предвидува: 
