Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
270 
Табела бр. 75 Главни карактеристики на климатските сценарија и нивните просторни импликации
 
Сценарио 
Очекуван пораст 
на температурата 
до крајот на векот 
Промени во врнежите и 
екстремите 
Просторни импликации и плански 
насоки 
RCP2.6 
(ниско 
емисионо 
сценарио) 
+1 до +1.5°C 
Благо намалување на 
годишните врнежи, 
умерено зголемување на 
екстремни врнежи 
Подобрување на водната ефикасност; 
зајакнување на зелената 
инфраструктура во урбаните средини
 
RCP4.5 
(средно 
сценарио) 
+2 до +3°C 
Намалување на летните 
врнежи (10–15%), почести 
суши и интензивни врнежи 
Реорганизација на системите за 
наводнување; зонирање според 
климатска ранливост; засилена 
заштита од поплави и ерозија; 
адаптација на земјоделското 
производство 
RCP8.5 
(високо 
емисионо 
сценарио) 
+4°C и повеќе 
Намалување на врнежите 
до 20%, значајно 
зголемување на топлотни 
екстреми и поројни 
поплави 
Структурна трансформација на 
аграрните региони; ограничување на 
урбаната експанзија во ризични зони; 
редефинирање на хидроенергетските 
и туристичките стратегии и приоритет 
на заштита на водните ресурси 
Интегрален индекс на климатска ранливост (ИКР) 
– методолошка основа и 
просторна интерпретација 
За потребите на Просторниот план е изработен Интегрален индекс на климатска 
ранливост (ICR), како синтетички показател кој ги интегрира клучните компоненти на 
климатските промени и просторната изложеност. Индексот ги комбинира: (1) трендот на 
годишната сре дна температура (1991
–2020), (2) трендот на летните врнежи (јули
–
септември), како индикатор на аридизација, (3) зачестеноста на екстремни настани (жешки 
денови >35°C и обилни врнежи >30 mm), (4) урбаната изложеност и (5) 
орографската/висинската чувствителн
ост. Овие интегрални индекси овозможуваат 
едновремено согледување на климатските трендови и просторната структура на ризикот. 
Индексот на климатска ранливост овозможува креирање на синтетичка, компаративна и 
плански употреблива слика за ранливоста на прост
орот, што е особено значајно при 
дефинирање на приоритети за адаптација, ограничување на урбана експанзија и насочување 
на инфраструктурните инвестиции. 
Индексот на климатска ранливост
 е класифициран во пет категории (1 –5), од многу 
ниска до многу висока ранливост. 
Класа 1 – Многу ниска ранливост 
Во високопланинските подрачја: Шар Планина, Кораб
–Бистра, Јабланица, Пелистер, 
Осогово и други повисоки масиви доминира многу ниска ранливост на климатски промени. 
Овие простори се карактеризираат со пониски температурни трендови, помала урбана 
изложеност и релативно постабилен летен воден биланс. Просторно, тие претставуваат зони 
со помал приоритет за итни адаптациски мерки, но со значајна улога во одржување на 
екосистемските услуги (вода, шуми, биодиверзитет). 
Класа 2 – Ниска ранливост 
Планинско -ридските подрачја околу главните масиви и делови од повисоките 
котлини се послабо ранливи на климатските промени. На овие простори климатските 
трендови се умерени, а антропогената изложеност е ограничена. Потребно е континуирано 
