Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
269 
6.6.2. Климатски промени 
Просторната анализа укажува дека климатските ризици во Република Северна 
Македонија имаат јасна регионална распределба и дека нивната корелација со промените во 
просторот се базира на: 
· зонирање на просторот според степенот на ранливост, 
· усогласување на идните развојни насоки со природните ограничувања,
 
· зајакнување на отпорноста на критичната инфраструктура и
 
· екосистемските услуги како природен механизам за адаптација.
 
Ваквиот пристап овозможува климатските промени да се третираат не само како 
еколошки предизвик, туку како клучен фактор во просторното и развојното планирање на 
Државата. 
Проценките за екстремните настани во Република Северна Македонија се базираат 
на идните климатски сценарија (Djurdjevic, 202
470) за периодот од 2006 -2100 година за три 
различни емисиони сценарија и промените во однос на референтниот период 1986
-2005 
година. Резултатите за климатските проекции се добиени од базата на податоци EURO
-
CORDEX, од кои се анализирани три регионални клима
тски модели за различни сценарија 
(Representative Concentration Pathway
-RCP) кои се во согласност со широк опсег на можни 
промени во идните антропогени емисии на стакленички гасови и имаат за цел да ги 
претстават нивните атмосферски концентрации.
 
Развојната стратегија за климатските промени се темели на принципот на сценарио
-
планирање и робустно управување со ризици. Стратегијата ги разгледува трите основни 
емисиони сценарија (RCP2.6, RCP4.5 и RCP8.5), со цел дефинирање на мерки кои ќе бидат 
ефекти вни и во услови на умерени и во услови на екстремни климатски промени. Во таа 
смисла е применет пристапот на „робустно планирање“, односно планирање кое не зависи од 
точната големина на климатската промена, туку предвидува адаптациски и развојни 
решенија к ои се одржливи во различни идни климатски услови. Овој пристап овозможува 
намалување на ранливоста на просторот и зголемување на неговата отпорност на 
долгорочни и екстремни климатски влијанија. 
Сценарија на климатски развој и просторни импликации
 
Анализата на климатските сценарија и нивните просторни импликации посочува дека 
сценариото RCP8.5 претставува референтна рамка за проценка на максималниот ризик и 
дефинирање на долгорочни заштитни механизми, но од планеркси аспект најголемо 
значење има сце нариото RCP4.5 како реална развојна траекторија.
 
 
47 Report on climate change projections and changes in climate extremes for the Republic of North MACEDONIA
 
