Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
268 
нестандардните општински депонии. Општинските нестандардни депонии кои се рангирани 
како високо, средно и ниско ризични, потребно е да се затвораат и да се изврши нивна 
ремедијација, по утврдениот приоритет и ризик врз животната средина и здравјето на луѓе то. 
Во планскиот период треба да се затворат и дивите депонии (сметилишта) и да се изврши 
рекултивација на сите локации на кои бил одлаган отпад од било кој вид.
 
Имајќи ги предвид техничките барања и најдобрите инженерски практики, како и 
спецификите на идентификуваните нестандардни депонии, односно ѓубришта, можни се два 
различни типа на затворање и пристапи за ремедијација: 
· Обезбедување на „in situ“ пристап за локацијата, што подразбира ограничување на 
отпадот со соодветна инфраструктура за да се обезбеди долгорочно еколошки 
безбедно складирање на отпадот. Овој пристап вклучува две опции, ограничување со 
и без изградба на сис теми за одвод на гас и 
· Обезбедување на „ex situ“ пристап за локацијата (отстранување на отпадот и 
контаминираната почва) и депонирање на отпадот на соодветна депонија според 
законските барања. 
Современите трендови посочуваат на потребата од воведување на циркуларната 
економија и повеќекратно искористување на материјалната и енергетската 
вредност на 
отпадот, од една, и намалување на количините на отпад во животната средина, од друга 
страна. 
 
 
