Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
267 
Мерките за подобрување на управувањето со медицинскиот отпад опфаќаат:
 
· обезбедување на стручен кадар за планирање, организирање, имплементација и 
следење на активностите; 
· воспоставување на Регионални комисии за животна средина и здравје за планирање 
и мониторинг на активностите поврзани со управувањето со медицинскиот отпад и
 
· воспоставување на Национална координативна комисија за животна средина и 
здравје за надгледување на учинокот на регионалните структури.
 
За поефикасно управување со отпадот предвиден е регионален пристап, кој вклучува 
и меѓурегионална соработка, но отсуствува практична имплементација на овие решенија. Во 
планските региони веќе се спроведуваат подготовителни активности за воспоставување на 
Регионалните центри за управување со отпад, како и набавка на опрема за управување со 
отпадот. Изградбата на регионални санитарни депонии за современ третман на комунален 
цврст отпад произлегува од потребата за воспоставување на меѓуопштинска соработка за 
регионално управување со цврстиот отпад, како и воспоставување на финансиски 
самоодржливи центри за управување со отпадот според најсовремените стандарди за 
заштита и унапредување на животната средина и социјалните аспекти. Поставувањето на 
нови регионални центри за управување со отпад ќе овозможи безбедно користење на 
депонираниот отпад, од сите општини кои ќе бидат опфатени во регионот/те. 
 
Центрите за управување со отпадот се предвидени на следните локации:
 
· За Скопскиот регион - постојната депонија Дрисла ја превзема функцијата на РЦУО 
во планскиот период, со неопходни активности за модернизација; 
· За Полошкиот регион, постојната депонија Русино ќе продолжи да функционира како 
РЦУО со соодветна дернизација; 
· За Источно -североисточниот регион, локацијата на постојната локална депонија во 
Мечкуевци (Општина Св. Николе); 
· За Југозападен -пелагониски регион - локација во Општина Новаци; 
· За Југоисточен -вардарски регион - локација во Доброшинци, Општина Василево. По 
изградба на РЦУО во Доброшинци, постојната депонија во Ново Коњско ќе биде 
затворена, а просторот рекултивиран. 
Просторната распределба на центрите ги покрива сите осум плански региони и сите 
урбани и рурални средини, преку примарно собирање и селекција на отпадот, претоварни 
станици и регионални центри (вклучувајќи и санитарни депонии). 
Сите компоненти на регионалната инфраструктура за управување со комунален 
отпад треба да се планираат како целина, а финансирањето, изградбата и работењето да се 
спроведуваат во фази. Цената на управувањето со отпад треба да биде регулирана од 
Регулаторна комисија, со цел да се овозможи одржливост на системот. За воспоставување на 
општинските системи за управување со отпад потребни се значителни инвестиции. 
Природата на собирањето, бројот и видот на возила и инсталации за претовар и третман се 
утврдуваат во зависност од локалните околности.  
Паралелно со процесот на формирање на регионалните центри за управување со 
отпад, во чијшто склоп треба да има и регионална санитарна депонија на која организирано 
преку претоварни станици финално ќе се отстранува отпадот што претходно не може да се 
рециклира или реупотреби, треба да се спроведува и процесот на затварање на 
