Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
264 
Мерки за управување со квалитетот на почвите:
 
· Утврдување на гранични вредности на основните показатели за квалитетот на 
почвата; 
· Намалување на загадувањето на почвата во граници на дозволените вредности 
според стандардите во ЕУ до донесување на национална легислатива за максимално 
дозволени концентрации на елементи во почвата; 
· Намалување на загубите на хранливи материи во почвите;
 
· Контролирана експлоатација на површини со цел да се избегне деградирање на почви 
со висок квалитет; 
· Спречување на опустинувањето и обновување на деградираните површини;
 
· Користење на л окациите на кои е извршена ремедијација на почвата за намена кои 
немаат негативни последици по здравјето на луѓето; 
· Спречување на нето заземање на земјиште. 
Мерките за намалување на бучавата во животната средина се класифицираат на:
 
· Мерки за намалување на бучавата во самиот извор на бучава и
 
· Мерки за заштита на рецепторот преку попречување на патот на бучавата од изворот 
кон рецепторот. 
Најдобрите практики вклучуваат и дополнителни мерки, кои генерално се сведуваат 
на намалување на бучавата од патниот и железничкиот сообраќај и од градежните 
активности, како и усогласување на законската регулатива со европското законодавство. 
При тоа, нео пходно е континуирано следење на бучавата и спречување на негативни 
влијанија врз здравјето на луѓето кои живеат во непосредна близина на изворот на бучава.
 
Мерките за справување со жешките точки
 вклучуваат истражување на 
локалитетите и спроведување на конкретни мерки за санација, прилагодени на видот на 
загадувањето и настанатата штета во животната средина. Комплексноста на проблематиката 
наметнува потреба од зајакнување на капацитетите за управув
ање со жешки точки на 
централно и локално ниво. 
За постигнување на предвидените мерки, по одделни точки, потребно е:
 
За справување со жешката точка ОХИС
, потребно е: обезбедување на финансиски 
средства за континуиран мониторинг на загадувањето на воздухот, водите и почвата на 
просторот на депониите на HCHs и околината, решавање на загадувањето на објектот за 
електролиза и околните почви со жива; отстранувањ е на опасниот отпад и контаминираната 
почва од малата, големата и депонијата во Пеленица, рекултивација на просторот во 
непосредната околина со цел да се спречи пренос на цврсти честички во воздухот во Скопје 
и трајно отстранување на проблемот со загадувањ
ето на подземните води во непосредната 
околина. 
Во топилница Злетово во Велес, мерките опфаќаат: овозможување на што е можно 
пократок рок за отстранување на троската депонирана на оваа локација и обезбедување 
средства за отстранување и/или ремедијација на дел од почвите кои се екстремно загадени 
со тешки метали и регулирање на земјоделските активности
 на овие површини. 
