Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
263 
6.6. Заштита на просторот 
6.6.1. Животна средина 
Мерките за подобро управување со квалитетот на медиумите и областите во 
животната средина треба да опфаќаат: усогласување на националното законодавсто со 
законодавството на ЕУ, воспоставување и одржување на интегриран систем за мониторинг 
на промените во ж ивотната средина и здравјето на луѓето; подигање на јавната свест за 
животната средина и едукација на младите кадри за последиците од загадувањето во 
животната средина врз здравјето на луѓето; како и воспоставување на систем за следење на 
спроведувањето на мерките и активностите за заштита на животната средина.
 
Во планскиот период неопходно е да се спроведува континуирана контрола со цел да 
се спречи загадување на медиумите во животната средина посебно од индустријата, 
земјоделството и енергетскиот сектор. 
Мерки за управување со квалитетот на водухот:
 
· Зголемување на активностите на општинско ниво за намалување на загадувањето и 
подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух; 
· Следење на изложеноста на населението на PM2.5 и PM10 честички во воздухот и 
поврзаноста на квалитетот на воздухот со стапката на смртност кај населението;
 
· Намалување на концентрациите на загадувачки материи во воздухот покрај главните 
патни коридори и во густо населените урбани подрачја; 
· Употреба на еколошки материјали и примена на енергетска ефикасност при изградба 
на новите содржини во просторот; 
· Обновување на возниот парк на патнички возила во насока на намалување на 
концентрациите на загадувачки материи во воздухот покрај главните патни коридори 
и во густо населените урбани подрачја; 
· Воведување на зелен систем за јавни набавки; 
· Замена на начинот на загревање на домаќинствата и јавните институции за да се 
намали загадувањето на воздухот; 
· Зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на 
енергија. 
Мерки за управување со квалитетот на водите:
 
· Заштита на површинските и подземните води од загадување;
 
· Воведување на критериуми за определување на зони чувствителни на нитрати, 
заради спречување или контрола на влез на нитрати во водите од земјоделските 
активности; 
· Обезбедување на посебен режим за санитарна заштита на изворите за вода за пиење; 
· Подобрување на еколошките функции на водите со низок квалитет;
 
· Елиминирање на штетните супстанции од изворите на загадување на водите;
 
· Заштеда на вода преку повеќекратно искористување на водата во домаќинствата, 
индустријата и јавните објекти; 
· Пречистување на отпадните води од домаќинствата, индустријата и рударството.
 
