Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
261 
6.5.5. Геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка за ППРСМ
 
Организација на геопросторните податоци 
 
Организирањето на геопросторна база на податоци во просторното планирање 
вклучува структурирање и управување со просторните податоци на начин што го олеснува 
ефикасното складирање, пронаоѓање, анализа и визуелизација на истите. Една од клучните 
компоненти е системот за управување со бази на податоци, чие формирање започнува со 
почетокот на изработка на просторниот плански документ, собирање и систематизација на 
просторните податоци од најразлични извори и различни формати.
 
Користењето на геопросторна база на податоци нуди повеќе придобивки, брз пристап 
до точни и сигурни геопросторни информации, максимална искористеност на напредни 
функции и функционалности кои дозволуваат да се врши сложена просторна анализа, 
интеграција на податоци и визуелизација, конзистентност, точност и стандардизација на 
податоците. Ова помага во одржувањето на интегритетот на податоците и овозможува 
интероперабилност низ различни системи и апликации. 
Заради потребите за идно 
управување со ИТ системот како целина, важен фактор претставува користење на „облак“
-
cloud опкружување, односно хибриден модел како преферирана архитектура за постоечкиот 
систем, чие интегрирање ќе обезбеди зголемен проток на подат
оци, нови дигитални 
решенија, побезбедни услуги и алатки и повисоко ниво на заштита на податоците.
 
Дигиталниот пејзаж на ЕУ подразбира различни аспекти во врска со дигиталните 
технологии, инфраструктурата, политиките, регулативите и иницијативите кои ја формираат 
дигиталната економија и општеството во земјите
-членки на ЕУ. Со развојот на дигиталниот 
пејзаж, ЕУ иницијативите се тие кои го стандардизираат и регулираат пристапот до 
просторните податоци, како што се INSPIRE стандардите.
 Во таа смисла, стратешката 
определба на нашата Држава е развојот на НИПП и стандардизирање на просторните 
податоци согласно INSPIRE иницијативата, што ќе обезбеди нивна разменливост, откривање 
и споделување. 
Согласно методологијата за изработката на просторниот план, просторната база на 
податоци е дел од гео -информатичката платформа на просторниот план, воспоставена врз 
следните основни принципи:
 изворите на податоци треба да бидат од референтни 
институции, изработка на дигитални картографски прилози во ГИС технологија
 и с трого 
почитување на тополошките правила при креирањето на векторски податоци.
 
Структурата на податоците и геобазата за изработка сите просторни планови во 
основа е идентична, разликите се јавуваат во нивото на деталност и во застапеноста на 
областите, во зависност од видот на предметниот план.
 Референтен размер за изработка на 
Просторниот план на Државата е 1:200.000. За просторните планови на ниво на региони, 
подрачја од интерес, национални паркови и слично, референтниот размер е 1:100.000 и 
1:50.000, во зависност од големината на територијата која е дефинирана со планскиот опфат, 
додека за изработка на просторни планови на општини, референтен размер е 1:25.000. Ова 
значи дека работната подлога со општите податоци на која се нанесуваат останатите 
тематски содржини на просторниот план треба да со
одветствува на погоре дефинираната 
скала на размери за употреба, која е во корелација со типот на просторниот план.
 
Картографски прилози 
Просторниот план содржи синтезни картографски прилози во кои се интегрираат 
просторните содржини од повеќе сродни области со цел да се воочат просторните 
