Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
255 
Ограничувањата на преносната мрежа играат клучна улога во дефинирањето на 
максималната моќност, особено во услови на зголемено учество на обновливи извори на 
енергија, кои се карактеризираат со варијабилно производство.
 
Имајќи предвид дека вкупната моќност на планираните централи изнесува 8156 MW, 
може да се заклучи дека на преносната мрежа ќе се приклучуваат нови централи, до 
достигнување на вкупната моќност од 1000 MW. Понатамошно поврзување ќе биде многу 
тешко. 
Паралелно со изградбата на фотоволтаичните централи треба да се решава и 
начинот на складирање на вишоците од произведената електрична енергија. Една од 
можностите е со поставување на електрични хемиски батерии, кои како и панелите, 
ангажираат голем просто р, а претставуваат времено решение, бидејќи имаат ограничен век 
на траење (5 -25 години) и краткорочен ефект во смисла на стабилизација на мрежата, со 
можни трајни последици. Имено, батериите како и останатите елементи на фотоволтаичните 
електрани (модули, панели, електронски отпад) создаваат дополнителен проблем поврзан со 
нивното одлагање по завршување на амортизациониот период, кое доколку не се реализира 
прописно, може да има негативно влијание врз животната средина. 
Од тие причини, треба да се размислува за трајни решенија кои нудат можности за 
складирање на вишок енергија произведена од обновливите извори и нејзино користење во 
периоди на зголемена побарувачка, со што значително се подобрува стабилноста и 
флексибилно ста на електроенергетската мрежа. Едно од таквите решенија е изградбата на 
реверзибилни хидроелектрана. Во нашата земја има можности за изградба на реверзибилна 
хидроелектрана „Чебрен“, како дел од хидроенергетскиот систем на реката Црна Река, која 
во комб инација со „Галиште“, формира каскаден систем кој овозможува акумулација и 
повторна употреба на електричната енергија. 
Овој систем овозможува складирање на вишок енергија произведена од обновливите 
извори и нејзино користење во периоди на зголемена побарувачка, со што значително се 
подобрува стабилноста и флексибилноста на електроенергетската мрежа.
 
Малите електрани (со моќност до 10 MW), се приклучуваат на дистрибутивна мрежа. 
Во планскиот период на оваа мрежа ќе се приклучат 428 електрани со вкупна инсталирана 
моќност од 544674 kW, од кои најголем дел се фотонапонски централи со моќности до 1000 
kW (1 MW), со вкупна инсталирана моќност од 504074 kW (504 MW), а само незначителен 
ветерни и централи на биомаса со вкупни моќности од 29700 kW (29,7 MW) и 10900 kW (10,9 
MW), соодветно.  
На регионално ниво , фотонапонските централи со моќност до 10 MW се најзастапени 
во Источниот, Пелагонискиот и Вардарскиот плански регион. Кај централите на биомаса, ќе 
доминира Пелагонискиот регион во кој се очекува да бидат лоцирани 64% од вкупниот број, 
додека ветерните цен трали ќе бидат лоцирани исклучиво во Југоисточниот плански регион.
 
