Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
251 
Мерките за енергетска ефикасност во потрошувачката на финална енергија за 
домаќинствата и комерцијалниот сектор, вклучуваат високо ефикасни апарати во 
домаќинствата, комерцијалниот и јавниот сектор, изолација на постојните и на новите 
станбени објекти со в
оведување на објекти со речиси нулта енергија, модернизација и 
проширување на постојните и изградба на нови системи за централно греење, со употреба на 
комбинирани постројки, топлински пумпи и обновливи извори на енергија.  
Најголем придонес во индустријата може да се постигне со воведување на ефикасни 
технологии кои ќе овозможат промена на енергентот (од јаглен во гас), како и употреба на 
ефикасни електрични мотори. Во поглед на енергетските заштеди во транспортот, замената 
на стари возила со енергетски ефикасни, електрификација на патниот сообраќај (ЕВ
-
електрични возила), како и модален премин од патен кон железнички товарен транспорт, од 
автомобил кон автобус за патнички превоз и повеќе велосипедизам/пешачење во урбаните 
средини се сметаат за најзначајни мерки.  
Уделот на ОИЕ во вкупната потрошувачка на финална енергија се зголемува од 35
-
45% во 2040 година. 
6.5.3.2. Производен систем на електрична енергија
 
Проекцијата на развој на производниот систем 
за електрична енергија 
поаѓа од 
следните аспекти: 
· Застареност на постојните технологии на јаглен и мазут;
 
· Исцрпеност на домашните резерви на јаглен и незадоволителен квалитет (ниска 
калоричност); 
· Современите трендови за декарбонизација на енергетскиот сектор;
 
· Очекуваните еколошки пенали за емисија на јаглероден диоксид и стакленички 
гасови после 2027 година; 
· Развој на гасоводниот систем со интерконектори со соседните земји и внатрешна 
мрежа за дистрибуција на природен гас; 
· Цената и трендовите на пазарот на електрична енергија;
 
· Неизвесност околу субвенционирањето на технологиите од ОИЕ (веќе 
фотоволтаиците се на слободен пазар) и неконкурентност на цените на електричната 
енергија произведена од ОИЕ; 
· Билансирање на моќноста и енергијата во системот. 
Производниот систем на електрична енергија во планскиот период ќе го сочинуваат големи 
и помали производни постројки. Големите производни капацитети (со инсталирана моќност 
над 10 MW ), кои бараат повисоки инвестициони вложувања се планирани на државно ниво 
од надлежните министерства и АД ЕСМ како државна компанија. Тие се приклучуваат во 
високонапонската преносна мрежа. Помалите производни постројки се: ФЕЦ, ВЕЦ, мали ХЕЦ 
и биогасни пост ројки, со моќност до 10 MW, кои се приклучуваат на дистрибутивната мрежа.
 
Табела бр. 70 Планирани термоцентрали до 2040 година
 
ТЕЦ 
Pel/Pter (MW) 
Wgod (GWh) 
CF (%) 
Год. 
Тип 
Гасна ТЕЦ во Битола 
250/150 
1500 
0.68 
2030 
Коген.ТЕЦ на природен 
гас 
Гасна ТЕЦ во 
Енергетика Скопје 
250/150 
1500 
0.68 
2035 
Коген.ТЕЦ на природен 
гас 
Гасна ТЕЦ во Неготино 
200 -400 
1500 
0.68 
2038 
ТЕЦ на природен гас 
