Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
243 
Енергетско искористување на водите
 
Во однос на енергетиката, до 2040 година, согласно сите сценарија, Државата треба 
да ја заврши својата транзиција кон обновливи извори на енергија. За поголемо 
искористување на хидро потенцијалот до 2030 година предвидена е изградба на големи ХЕ, 
со кои би се зголемило годишното производство на електрична енергија. 
 
6.5.2.2. Водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
Стратешкото значење на обезбедувањето на вода за потребите на населението, 
индустријата и други активности е еден од приоритетите во намената на земјиштето, поради 
условите за изградба на водостопанските с
истеми, кои може да се реализираат само на 
строго одредени места и во потполно детерминирани услови. 
Долгорочните плански решенија за изградба на водостопански системи се утврдени 
на ниво на речните сливови во рамките на кои се креирани седум математички модели за 
различните хидрографски целини во трите главни речни сливови во РСМ. Основните 
проектни крит ериуми се однесуваат на: 
· 95% обезбеденост на нормални потреби на вода за водоснабдување,
 
· 95% обезбеденост на еколошки гарантирано протекување, 
 
· 80% обезбеденост на нормални потреби за наводнување, 
 
· 70% обезбеденост на потреби за наводнување со влијание од климатски промени, 
 
· максимизација на производството на електрична енергија со респектирање на 
претходните критериуми.  
При моделирањето се разгледани две сценарија за глобалниот ВСС, 
со соодветни 
креирани модели: 
· Сценарио со нормални потреби за вода за наводнување, 
· Сценарио со потреби за вода за наводнување со влијание од климатските промени.
 
Од структурен аспект (поставеност на акумулации, интеракции и јазолни точки), двата 
модели се идентични. Разликата во спроведената симулациона анализа е во количината на 
потребната вода за наводнување, која во сценариото со влијание од климатски промени е 
зголемена, а од друга страна се редуцирани големините за хидролошките серии на 
дотекувања во акумулациите, проценето на процентуален износ од 10%.
 
Во однос на просторот кој треба да се резервира за секоја акумулација е 
специфицирана кота на запоседнување на просторот Zzp[mnv], како максимална кота со 
височина од 5.0 m над кота на нормално ниво во акумулацијата Znn[mnv], која има карактер 
на рамковна вредност. 
