Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
241 
 
График бр. 11 Потреби за вода за наводнување и вкупни потреби за наводнување по месеци и по 
сливови/подсливови 
 
График бр. 12 Потреби за вода за наводнување и вкупни потреби за наводнување по месеци и по 
сливови/подсливови со влијание од климатски промени
 
Со рехабилитација и модернизација на постојните системи за наводнување, во 
планскиот период ќе се овозможи наводнување на вкупна површина од 107015 ha (85% од 
површината за наводнување опфатена со проектната документација). Покрај санација, се 
предвидува и изградба на нови системи за наводнување со кои се овозможува зголемување 
на наводнуваните површини и проширување на системите на локалитети на кои претходно 
не се наводнувани на вкупно 61312 ha. Тоа се:  
· продолжување со изградбата на браната Речани и изградба на системот за 
наводнување; 
· завршување на изградбата на системот за наводнување Равен
-Речица ; 
· започнување со активности за изградба на брана на река Слупчанска;
 
· изградба на четири системи за наводнување по течението на реката Вардар (ХС 
Лисиче, ХС Конско, ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар 
– трета фаза - во рамки на 
проектот Наводнување на јужната долина на Вардар), 
 
· изградба на мали ниско буџетни и еколошки прифатливи системи за наводнување до 
300 ha (Чаушица, Колибари, Славишко Поле, Конопница, Пишица, Теарце, Сарај, 
Новаци, Сопот, К36 -Тиквеш);  
· изградба на втората фаза од системот за наводнување Злетовица,  
· изградба на дел од систем за наводнување во скопскиот регион на левиот брег на р. 
Вардар;  
· изградба на систем за наводнување Дебарско Поле;  
· изградба на систем за наводнување Преспанско Поле; 
 
· изградба на дел од систем за наводнување Бучин.  
Вкупната планирана површина за наводнување во 2040 година ќе изнесува 168327 
ha. За рационално и ефикасно користење на водата, односно намалување на загубите 
неопходни се соодветни мерки и политики, како и институционални реформи во 
управувањето со водите. 
