Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
234 
6.5.2. Управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
6.5.2.1. Управување со води 
Водоснабдување и одведување на отпадните води
 
Основа за утврдување на вкупните потребни количини вода за водоснабдување на 
населението, туристите и индустријата во планскиот период до 2040 година се стратешката 
заложба за рационализација на потрошувачката на вода, како и демографските показатели 
за пл анскиот период. И покрај негативниот тренд на природниот прираст, потребните 
количини вода се одредени со позитивен прираст од 0,5%, ради присуство на голем број на 
нерезидентно население во зимски и летен период од годината.  
За пресметување на потребните количини на вода, кои се определени во зависност 
од големината на населените места, издвоени се пет групи на населени места.
 
Табела бр. 56 Поделба на населените места по категории
 
Група 
Населено место 
I 
Скопје (општини на град Скопје) 
II 
Куманово, Тетово, Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Струга, Штип, Гостивар, Струмица
 
III 
Кичево, Кавадарци, Неготино, Кочани, Св. Николе, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ресен, 
Дебар, Шуто Оризари. 
IV 
Крива Паланка, Кратово, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Пробиштип, Крушево, Радовиш, 
Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Хисар 
V 
Селски населби 
За секоја категорија на населени места, определена е вредноста на општата и 
пооделна вредност на специфичната потребна количина на вода (водоснабдителна норма 
– 
л/ден жит.), за почетокот и крајот од планскиот период. Имајќи ја предвид актуелната 
нерационална потрошувачка на вода, како и глобално и локално поставените цели за 
рационална потрошувачка на водните ресурси,утврдена е потреба од намалување на 
загубите на вода во водоснабдителните системи во планскиот период (до 2040 година) од 
актуелните 50 на 30% . Потребите на вода за домаќинствата ќе се зголемат просечно за 15%, 
како резултат на подобрување на животниот стандард на населението и зголемување на 
потрошувачка на вода заради климатските промени. Потрошувачката на вода за 
категоријата „друго“ во која 
спаѓаат комерцијалните потреби, лесна индустрија и јавните 
потреби, во планскиот период ќе биде со мало зголемување од 4%. 
Табела бр. 57 Вкупна и пооделна водоснабдителна норма за период до 2040 г
. 
Група на населено 
место 
Категорија на 
потрошувачка 
Водоснабдителна норма Qo [l/д. жител]
 
2021 
2030 
2040 
I 
Домаќинства 
165 
176 
184 
Друго 
110 
109 
96 
Загуби 
275 
190 
120 
Вкупно 
550 
475 
400 
II 
Домаќинства 
150 
159 
170 
Друго 
100 
99 
89 
Загуби 
250 
172 
111 
Вкупно 
500 
430 
370 
III 
Домаќинства 
135 
137 
143 
Друго 
90 
85 
74 
Загуби 
225 
148 
93 
Вкупно 
450 
370 
310 
IV 
Домаќинства 
120 
122 
138 
Друго 
80 
76 
72 
