Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
232 
6.5.1.5. Воден транспорт 
Внатрешната пловидба во Република Северна Македонија има важна улога, значаен 
потенцијал и добри предуслови за развој.  
За остварување на целите на развој на внатрешната пловидба на Охридското Езеро, 
се препорачуваат следните мерки:  
· Изработка на потребна урбанистичка документација за изградба на пристаништа и 
пристани на крајбрежјата на Охридското Езеро; 
· Реконструкција на постојните пристаништа и пристани и изработка на проекти за 
доградба и изградба нови;  
· Обезбедување на п ловила ангажирани во јавниот превоз; 
· Воведување линии на јавен линиски превоз со пловила; 
· Посебни станици за снабдување со гориво за пловните објекти;
 
· Одржување на инфраструктурата која е во функција за извлекување на пловни објекти 
на суво.  
Можни локации за пристаништа и пристани на Охридското Езеро: 
 
А) Пристаништа: Охрид 7 ha, Охрид 
- Канал - Билјанини извори, Струга до 2 ha, Св. 
Наум до 1 ha.  
Б) Пристани: Охрид - Грашница, Св. Стефан до -1 ha, Пештани до -1 ha, Градиште до - 
1 ha, Трпејца до -1 ha, Св. Наум до -1 ha, Радожда до -1 ha, Калишта до -1 ha. 
В) Пристани за хотелски комплекси (Хотел Парк 
– Горица, Хотел Гранит, Хотел Инекс 
– Горица, Хотел Метропол, Автокамп Елешец, Хотел Десарет, Автокамп Љубаништа, 
Автокамп Андон Дуков, Хотел Изгрев, Хотел Бисер).
 
Можни локации за изградба на пристаниште и пристани на Преспанското Езеро: 
 
А) Пристаниште: Стење.  
Б) Пристани: Коњско, Отешево, Крани, Остров Голем Град, Маркова Нога. Заради 
заштита на природните вредности и екосистемот на езерото од прекумерно загадување, 
потребно е да се регулира и ограничи употребата на индивидуални моторни пловила 
(глисери, чамци, скутери). 
Можни локации за изградба на пристаниште и пристани на Дојранско Езеро: 
 
А) Пристаниште: Централно подрачје, Стар Дојран.  
Б) Пристани: Централно подрачје, Стар Дојран, Златен брег 
– Сретеново, Мрдаја – 
Сретеново. 
6.5.1.6. Подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 
 
Со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата, неопходна е примена 
на повеќе видови мерки: превентивни, едукативни, мерки за делување на сообраќајната 
полиција, за подобрување за преглед на безбедноста на патот, за скратување на времето на 
пристигнување при сообраќајни несреќи, за превенција кон техничката исправност и 
опременост на моторните возила и унапредување на пасивната безбедност. За успешно 
имплементирање на овие мерки, неопходно е партиципирање на централната власт, 
регионалните и л окални органи на управата, професионалните организации (автошколите, 
транспортерите, транспортните компании, итн.), бизнис заедницата, како и приватните 
субјекти, невладините организации, граѓанските здруженија и др.
 
