Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
228 
6.5. Инфраструктурни системи
 
6.5.1. Сообраќај и сообраќајна инфраструктура
 
Потребата од транспорт во Државата зависи од социо
-економските состојби, 
демографските промени и геополитичките процеси. За нашата земја како членка на 
Североатлантскиот НАТО пакт и
 долгогодишните напори за обезбедување на полноправно 
членство во Европската унија, од аспект на развој на транспортот, значајна е транспортната 
политика на ЕУ која има за цел да обезбеди непречено, ефикасно, безбедно и слободно 
движење на луѓе и стоки прек
у интегрирани транспортни мрежи. Република Северна 
Македонија е членка и на договорот за слободна трговија во Средна Европа (ЦЕФТА) помеѓу 
земјите во Централна и Југоисточна Европа.  
Македонската економија е отворена и меѓународната размена на стоки е најизразена 
со земјите членки на ЕУ. Во 2022 година, од остварениот извоз од 3,6 милиони тони стоки, 
околу 43% од извезената количина и речиси 78% од вредноста на извозот е во државите од 
ЕУ. Увозот е речиси двојно поголем во однос на извозот.  
6.5.1.1. Патна инфраструктура
 
Транспортната поврзаност на Државата во планскиот период до 2040 ќе се 
реализира преку главните гранични премини: Деве Баир, Делчево и Ново Село кон Бугарија; 
Богородица и Меџитлија кон Грцијa, Ќафасан кон Албанија; Јажинце и Блаце кон Косово и 
Табановце к он Србија. За таа цел, сите патиштата 
кои водат до нив 
треба да се изведат 
најмалку до ниво на експресни патишта, а на останатите
, да се унифицира напречниот 
профил на целата должина на делниците и да се изведат планираните регионални патишта.
 
Табела бр. 52 Планирана изградба и реконструкција на патни правци
 
Патен правец 
Предвидена категорија 
Рок за реализација 
(год.) 
Кичево -Охрид А2/Е65 делница од К -8 
автопат 
до 2030 
Гостивар -Кичево А2/Е65 (Гостивар
-Букојчани; 
Букојчани -Кичево) 
автопат 
до 2030 
Требеништа -Струга -граница со Албанија 
А2/Е852 
автопат 
до 2030 
Граница со Косово -Скопје (Блаце -Скопје) А4/Е65 
автопат 
до 2030 
Прилеп -Битола А3 
автопат 
до 2030 
Крива Паланка -граница со Бугарија А2/Е871
 
експресен пат 
до 2030 
Струмица -граница со Бугарија 
експресен пат 
до 2030 
Кочани -Виница -Делчево -граница со Бугарија А3 
експресен пат 
до 2030 
Косел -Охрид-Св. Наум
-граница со Албанија 
(обиколница на Охрид) 
експресен пат (функција: 
обиколница) 
до 2030 
Тетово -граница со Косово Р1209 и поврзување на 
Тетово со Призрен  
пат со две ленти 
до 2030 
Велес -Катланово А1/Е75 
рекострукција: доградба 
на автопат А1 Скопје -
Велес 
до 2030 
Миладиновци -Куманово А1/Е75 
рекострукција: доградба 
на автопат: лента за 
принудно застанување 
до 2030 
