Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
222 
Со усвојување сеопфатен и инклузивен пристап, Република Северна Македонија 
може да ја унапреди својата просторна развојна агенда на начин што е економски одржлив, 
но и еколошки и социјално правичен. Предложените инвестиции рефлектираат стратешка 
визија каде регионалниот развој не е воден само од пазарните сили, туку е активно обликуван 
од свесните одлуки на просторните планери, со цел остварување долгорочни општествени 
придобивки. Преку насочени инвестиции во инфраструктурата, одржливоста на животната 
средина, дигитализацијата, социјалните услуги и туризмот, земјата ќе може соодветно да се 
позиционира за да го поттикне балансираниот раст, економската отпорност и заштитата на 
животната средина, преку кои во крајна линија ќе се придонесе за подобрување на 
животниот стандард и долгорочниот просперитет за сите граѓани. 
 
6.3.3. Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ)
 
(Не)активноста на ТИРЗ
-овите е индикатор за рамномерноста и ефикасноста на 
регионалниот развој. Активните зони се концентрирани главно во близина на поголемите 
урбани центри (Скопје, Штип и Тетово), што создава регионален дебаланс потенцирајќи ја 
концентра цијата и агломерацијата на индустриските активности. Од друга страна, 
неактивните зони кои се во поголем број, претставуваат неискористен потенцијал за 
економски раст, особено со оглед на фактот дека се лоцирани во региони кои заостануваат 
во развојот. Кон
секвентно, активирањето на неактивните зони преку подобрување на 
инфраструктурата, привлекување инвеститори и овозможување специфични стимулации со 
цел порамномерно просторно лоцирање на индустриските активности и поттикнување 
развој на помалку развиените 
региони, има посебно значење. Всушност, идниот развој и 
користење на ТИРЗ -овите треба да се насочи кон оптимизирање на постојните зони, бидејќи 
голем дел од нив, иако активни, сè уште не се целосно искористени и кон трансформација на 
дел од нив (освен зона та кај Гевгелија) во зелени индустриски зони. Се разбира, одлуката 
треба да биде донесена врз основа на опсежна cost
-benefit анализа. Ваквата претпоставена 
трансформација, дополнително ќе придонесе за позиционирање на РСМ во лидер во 
зеленото индустриско з онирање на Балканот. 
Со оглед на фактот што од 8 -те плански региони, единствено Вардарскиот нема ТИРЗ, 
што е оценето како една од причините за стагнирањето во развојот, во насока на балансиран 
развој, на подрачјето на Вардарскиот плански регион, поточно во Општина Неготино, се
 
предлага локација за индустриска зона, која во зависност од интересите на потенцијалните 
инвеститори и економската политика може да се планира како ТИРЗ, зелена зона или 
класична регионална економска зона. 
 
 
