Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
221 
· зголемени инвестиции во инфраструктурата, 
 
· поттикнување транзиција („зазеленување“) на локалните економии,  
· организација на програми за поддршка на регионалните иновации.
 
Континуираното следење и проценка на овие проекции има клучно значење за 
ефективно справување со новонастанатите предизвици и можности. 
 
Во поглед на потенцијалните инвестиции во наредниот период, анализирани се 
клучните области од значење за балансираниот регионален раст, како и за економска 
отпорност и одржлив развој. Притоа, поаѓајќи од ограничувањата за постигнување целосна 
просторна ед наквост, претставена е визија за порамномерна дистрибуција на економските 
активности, инфраструктурата и јавните услуги со цел да се поттикне регионална кохезија и 
одржлив просперитет.  
Значењето на насочените инвестиции во инфраструктурата како основа за просторно 
и економско унапредување е примарно. Овие инвестиции ги опфаќаат клучните сектори како 
што се транспортот, водоснабдувањето, управувањето со отпад и дигиталните мрежи. 
Проширув ањето и модернизацијата на транспортната мрежа се идентификувани како 
основни столбови што треба да ја олеснат регионалната и меѓународната поврзаност за 
поддршка на трговијата, туризмот и домашната преработувачка индустрија. Со значителни 
инвестиции во па тната, железничката, воздушната и водната инфраструктура, треба да се 
создаде кохезивен транспортен систем што ќе ја подобри достапноста меѓу регионите, ќе 
поддржи економска интеграција и ќе ги намали развојните нееднаквости. 
 
Дигиталните инфраструктурни подобрувања, вклучително проширувањето на 
широкопојасните и 5G мрежи, претставуваат значаен столб за трансформација на РСМ кон 
економија базирана на знаење. Во оваа смисла, дигиталната трансформација претставува 
катализатор за п одобрување на јавните услуги, поддршка на економскиот раст и создавање 
конкурентна економија.  
Во поглед на одржливиот развој и заштитата на животната средина, основен таргет е 
реализацијата на зелена транзиција и значајни инвестиции во обновливи извори на енергија. 
Во енергетскиот сектор предвидена е значителна трансформација преку проекти за солар
на, 
ветерна и хидроенергија, за намалување на зависноста од фосилни горива и усогласување 
со целите за климатска акција. Одржливите земјоделски практики, одговорното управување 
со водата и намалувањето на отпадот се интегрални компоненти на оваа транзиција
. 
Залагањата за нискојаглеродна и ресурсно -ефикасна економија ја усогласува РСМ со Целите 
за одржлив развој и климатските стандарди на ЕУ, отворајќи пат за позелена и поотпорна 
иднина.  
Што се однесува до неопходните регулаторни и економски инструменти за 
реализација на вкупниот обем инвестиции во наредниот период, потребно е да бидат во 
согласност со пошироките национални и меѓународни стандарди. Имено, економските 
поттици како даночни о леснувања, субвенции и кредитни линии за стратешките сектори, 
претставуваат предуслов за стимулирање на приватните инвестиции во таргетираните 
региони. Овој пристап воден од пазарот треба да биде надополнет со просторно
-плански 
регулативи, кои ќе обезбедат
 добро интегрирање на деловните активности во локалните 
планови за користење на земјиштето, со истовремено почитување на стандардите за заштита 
на животната средина. Овие мерки имаат за цел да привлечат дополнителни домашни и 
странски инвестиции, да овозмо жат креирање работни места и да го подобрат животниот 
стандард низ сите региони, особено оние што се помалку развиени или се соочуваат со 
сериозни економски предизвици.  
