Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
219 
6.3.2. Економски индикатори 
Проекциите на главните индикатори за периодот 2021
-2040 година се креирани со 
користење линеарна регресија. За секој индикатор посебно беа оценети регресионите 
коефициенти, односно коефициентот на отсечок (константа) и коефициентот на наклон, 
користејќи пр итоа историски податоци за истите. Општиот модел на линеарна регресија е 
следниот : 𝑦𝑡=𝑏0+ 𝑏1𝑥𝑡+ 𝑒𝑡; каде 𝑦𝑡 е зависната варијабила што е цел на предвидување во 
времето 𝑡, 𝑥𝑡 е независна варијабила односно времето, 
𝑏0 е оценетата константа, 
𝑏1 е 
оценетиот коефициент на наклон и 𝑒𝑡 е случајната грешка.  
За да се добијат песимистичкото и оптимистичкото сценарио, беа пресметани 
интервалите на доверба околу предвидената вредност. Овие две сценарија ја покажуваат 
минималната и максималната проектирана вредност на секој од одделните индикатори. 
Имено, горната граница на проекциите претставува оптимистичко сценарио (со него се 
предвидува позитивен раст и развој на индикаторите), додека долната граница ги 
претставува проекциите за песимистичкото сценарио (укажува на потенцијален пад или 
негативни трендови). 
 
 
Слика бр. 34 Бруто -домашен производ (БДП), 2021 и 2040, според тековно развојно сценарио 
(ТРС) 
Врз основа на проекциите на трендовите на најзначајните социо
-економски 
индикатори за наредниот период, можат да се извлечат неколку клучни сознанија: 
 
· Постојат поволни перспективи за воспоставување одржливи стапки на економски 
раст и учество на одделните сектори во креирањето на БДП во одделните плански 
региони. Проектираните трендови на БДП во поголемиот број плански региони се 
позитивни. Ваквиот очекув ан раст на БДП упатува на зголемен економски потенцијал, 
подобрување на ефикасноста во искористување на ресурсите, но и зголемена 
отпорност на кризни нарушувања, особено во клучните сектори како трговија, 
градежништво и рударство, за кои се предвидува дека
 значајно ќе придонесат кон 
регионалните БДП -и. Меѓутоа, некои сектори, како земјоделството и креативните 
индустрии, можат да се соочат со нестабилни стапки на економски раст, што укажува 
