Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
218 
земјоделството, можен е пораст кај овоштарството и сточарството, потоа евентуално 
заживување на текстилната индустрија, како и поцелосно искористување на туристичкиот 
потенцијал на регионот.  
Североисточниот плански регион
 има најниско ниво на БДП по жител во земјата. 
Иако БДП по постојани цени е зголемен за повеќе од 50% во период од 20 години, сепак се 
работи за пониска стапка на раст споредено со останатите плански региони. Во 
разгледуваниот период инвестициите во рударс
твото и преработувачката индустрија 
бележат пад, а најмногу растат оние во градежништвото. Пораст бележат и инвестициите во 
земјоделството, шумарството и рибарството. Врз оваа основа во иднина може да се очекува 
развој на трговијата, транспортот и туризмот
, а во земјоделството да дојде до пораст на 
производството на индустриски култури, овошни насади и површните под ‘рж и овес. Од 
индустриските гранки, има услови за развој на текстилната, кожарската и прехранбената 
индустрија, како и поволни услови за разво ј на рударството.  
Југоисточниот плански регион
 забележал пораст на БДП по постојани цени за 
повеќе од 230% во период од 20 години, а слична е и динамиката на БДП по жител. Бруто
-
додадената вредност во речиси сите сектори бележи значителен пораст, додека податоците 
за инвестициите покажуваат пад на влож увањата во трговијата, угостителството и туризмот, 
а пораст кај рударството и преработувачката индустрија. Во иднина би можело да се очекува 
да дојде до развој на трговијата, транспортот и туризмот, натамошен развој на рударството и 
градежништвото, зголему вање на површините со фуражни култури и овошните насади, а 
постојат и услови за развој на преработувачката индустрија и на ИТ секторот. 
 
Полошкиот плански регион
 оствари раст од околу 78% во период од 20 години, а 
БДП по жител пораснал за околу 67%. Со тоа, овој регион бележи понизок економски 
раст од 
повеќето останати региони во земјата. Сепак, позитивно е тоа што во сите сектори бруто
-
додадената вредност бележи значителен пораст, особено во градежништвото, трговијата, 
траспортот, угостителството и туризмот; но значаен е и растот на дејностите врза
ни со 
недвижен имот, рударството и преработувачката индустрија. Вкупните инвестиции бележат 
значаен пад во 2020 година, што секако ќе најде свој одраз и во стапките на економски раст. 
Во планскиот период може да се очекува да дојде до развој на сточарствот
о, туризмот, 
рударството, прехранбената индустрија, шумарството и дрвната индустрија, како и 
градежништвото.  
Пелагонискиот плански регион
 не може да се вброи во регионите со задоволителни 
стапки на економски раст, со оглед на тоа што БДП по постојани цени е зголемен за околу 
48% во период од 20 години, а порастот на БДП по жител е околу 60
% за истиот период. 
Сепак, нивото на инвестиции е стабилно (со голем пораст до 2022 година), така што може да 
се очекува забрзување на стапките на економски раст. Во поглед на бруто
-додадената 
вредност, најголем пораст во последниве 20 години е остварен во 
секторите земјоделство, 
шумарство и рибарство, чие учество се зголемило од 8% на 20%. Исто така, значајно расте и 
учеството на секторот информации и комуникации. Во иднина може да се очекува 
земјоделството и натаму да зазема значајно место, а природните уб авини и другите атракции 
да создаваат основа за развој на туризмот и угостителството. Минералните ресурси се основа 
за развој на рударството, додека прехранбената индустрија се очекува да го следи развојот 
на земјоделството. Покрај нив, ќе расте и учествот
о на енергетиката и ИТ -секторот, развој 
може да се очекува и во шумарството и дрвната индустрија.  
