Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
216 
6.3. Економски развој  
Имајќи ги предвид демографски проекции за нашата Држава до 2040 година, кои се 
исклучително неповолни, перспективите на националната економија треба да се побараат во 
што поголема примена на современите трендови. Ова првенствено се однесува на: 
 
· примена на поставките на економијата на знаење,  
· диверзификација на стопанската структура со фокусирање на дејности за кои 
нашата 
држава поседува компаративни предности (паметна специјализација), 
како и такви 
кои се наметнуваат како имератив во процесот на глобализација, 
 
· императивно зголемување на продуктивноста на трудот, но и на вкупната факторска 
продуктивност,  
· либерализација и стандардизација согласно барањата на меѓународното 
опкружување, како и  
· интегрирање на вредностите на зелената економија.  
Економијата по својата природа е стохастична и зависи од влијанието на бројни 
фактори, така што предвидувањето на економските појави, процеси и трендови е 
исклучително тешка задача, а многу често и невозможнa особено на долг рок.
 
Следејќи ги препораките и искуствата на ЕУ, утврдени се неколку заклучоци и 
препораки за планскиот период:  
· Фокусот треба да биде на полицентричниот развој, преку стимулирање на 
економската активност во останатите региони во земјата. Во прилог на ова зборува 
фактот дека постои интерес за изградба на деловни објекти и надвор од урбаните 
центри во општините каде с е одвива позначајна економска активност ; 
· Истовремено, треба да се дестимулира натамошната концентрација на економски, 
административни, културни и други активности во градот Скопје, со примена на 
економски и неекономски мерки. Неопходна е де концентрација на иницијативите за 
изградба на стопански објекти надвор од урбаните центри во околината на Скопје и 
блиските општини кои гравитираат кон главниот град
; 
· Особено е значајно да се инвестира во инфраструктурното, а ос
обено сообраќајно 
поврзување помеѓу општините и помеѓу општинските центри и нивната периферија, 
за да може да дојде до остварување на посакуваното двонасочно влијание помеѓу 
центрите и руралните средини и да се намали миграцијата село
-град.  
6.3.1. Регионален развој - потенцијали за економски развој 
Скопскиот плански регион
 е најразвиен и бележи најдинамичен раст и развој. Во 
последните 20 години БДП по постојани цени растел со просечна годишна стапка од 3,5%. Во 
бруто-додадената вредност на регионот доминираат секторите трговија, транспорт, 
угостителство и туризам, а веднаш
 зад нив се рударството и преработувачката индустрија. 
Во поглед на инвестициите во последните години доминира градежништвото, како одраз на 
високото ниво на градежни работи во главниот град. Клучни позитивни двигатели на 
економијата се добрата локација и инфраструктурната поврзаност, бројноста на населението 
и расположливата работна сила со високи квалификации и профили од различни области, 
постоењето слободни економски зони, туристичкиот потенцијал, лоцираноста на најголем 
обем од административните, образ овните, културните и други активности во регионот и сл. 
Како потенцијални пречки за развојот се застарената инфраструктура која не го следи 
