Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
213 
на здравствени услуги. Од особено значење е обезбедувањето на квалитетна услуга и 
достапност до чувствителните групи на население (жени на репродуктивна возраст, мали и 
деца од предучилишна возраст, училишни деца и младинци, работоспособно население, 
стари лица, лица со попреченост, социјално маргинализирани групи). 
Идните реформи на здравствениот систем мора да ги земат во предвид потребите од 
подобрување на здравствените услуги (примарни, секундарни и терцијарни) и нивна 
порамномерна распределба во просторот (подобра распределба на ресурсите според 
потребите на кори сниците, намалување на нееднаквоста во користењето на здравствената 
грижа, побрз и поадекватен одговор на потребите на корисниците и др.). Децентрализацијата 
на здравствениот систем и здравствените услуги мора да се заснова на вклучување на 
локалните заедн ици, пациентите и пошироката општествена заедница во планирањето, 
спроведувањето и следењето на ефективноста на здравствената заштита. Во тој процес, 
важно е зајакнувањето на постојните и формирањето на нови центри во здравствениот 
систем, особено во центр ите на агломерации и урбани средини, меѓу кои особено во Битола -
Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид -Струга, Струмица и др. 
Стратегијата за децентрализација на
 културата се заснова на соработка помеѓу 
институциите од државно значење со институциите и актерите на културата во другите, 
особено помалите градови и општинските центри. Формирањето здруженија на културни 
институции (јавен сектор, граѓански организации, приватен с
ектор) во локални средини со 
развиени, опремени и професионално обучени институции од Скопје и неколку други 
градови, е една од формите на децентрализација и дисперзија на културата. Ваквите 
здруженија овозможуваат користење, задржување и обука на локалнио
т персонал, размена 
на програми, различни форми на патувачки изложби и перформанси, организирање 
специјализирани програми за млади, организирање детски клубови и други модалитети на 
ширење на културните вредности и програми во помали населби и градови. Кон
цептот на 
децентрализација на културата подразбира промена на распределбата на средства 
наменети за културата во насока на културните институции и програми во помалите градови 
и поттикнување на државните институции да ги организираат своите активности во п
омали 
области со соодветни програми, особено во периферните и помалку развиените општини. 
 
Концептот на развој на спортот е фокусиран на обезбедување пристапна спортска 
инфраструктура, соодветно опремена, безбедна и економски достапна за населението од 
различни групи. Фокусот е на рекреативните спортови во спортските клубови, 
предучилишните установи, основните и средните учи
лишта, како и на отворените јавни 
површини. Потребно е значително подобрување на училишниот и универзитетскиот спорт, 
развивање на свеста за потребата од стекнување навики поврзани со спортот кај младите и 
соодветно опремување на училиштата и јавните површ ини. Особено е потребнa проценка на 
можностите и спроведување на активности за подобрување на просторот за спорт и 
рекреација во основни училишта во руралните населби, кои се слабо опремени и немаат 
спортски објекти. 
Достапност на јавни услуги според просторни и станбени карактеристики
 
Врз основа на критериумите за просторна достапност, корисниците на јавните услуги 
според видот на населбата, можат да се класифицираат во следните категории: 
 
1. 
Граѓани кои живеат во континуирано изградено урбано подрачје во Скопје и 
поголемите градови (Куманово, Тетово - Гостивар, Битола), на кои им се достапни квалитетни 
услуги од двете групи (основни услуги и услуги од повисок ранг);
 
