Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
212 
на услугите од јавен интерес би резултирало со подобрување на квалитетот и разновидноста 
на понудените услуги и порационално користење и одржување на капацитетите. 
Вклучувањето на нови актери во областа на јавните услуги бара и критички преглед на 
постоечк ите стандарди и регулативи за организирање услуги од јавен интерес, бидејќи многу 
од сегашните стандарди се прилагодени на големите организации (број и структура на 
вработени, површина, димензии и опременост на простории/објекти итн.). 
Од особена важност за подигнување на капацитетите на локалните заедници, 
особено помалку развиените населени места далеку од општинските центри, е 
зајакнувањето на поддршката за локалните граѓански иницијативи и локални организации, 
кои се столбот на зајак нувањето на социјалната кохезија, подобрувањето на безбедноста на 
граѓаните, идентификувањето на ризичните групи и нивно вклучување во различни 
програми. 
Насоки и препораки за зголемување на достапноста и квалитетот на услугите по 
сектори 
Во организацијата на предучилишните установи (образование и воспитување), 
утврдувањето на обврската за обезбедување прием во предучилишните институции за секое 
заинтересирано дете се заснова на стандардизирање на финансирањето на предучилишните 
институции, учеството на родителите во трошоците за престој на децата во институцијата, 
построги критериуми за субвенционирање и контрола. Капацитетите на предучилишните 
институции може да се зголемат со (долгорочно) издавање под закуп на приватни објекти, со 
стимулирање на донации, со користење на вишокот простор во основните училишта и 
другите јавни објекти. 
Една од насоките за развој на предучилишното образование може да биде 
диверзификација на предучилишните установи и програми со цел подобро задоволување на 
различните потреби на семејствата и децата. Таа се развива преку креирање и развој на 
посебни и специ јализирани програмиаза зголемување на достапноста на предучилишно 
образование и образование за децата кои не се вклучени во системот, како и децата од 
ранливите групи. Такви услуги се патувачка градинка и патувачки едукатор, наменети за 
организирано воспит ување и образование на децата во средини каде што нема организирана 
форма или програма, или не постои можност за организиран превоз на децата до градинка. 
 
Подобрувањето на квалитетот и условите на образованието во пониските одделенија 
на основното училиште е можно со воведување специјализиран превоз на ученици, 
подобрување на квалитетот на наставата во подрачното училиште со користење на мобилни 
наставни тим ови, мобилни училници и настава на далечина итн. Во повисоките одделенија 
(6-9), зголемување на достапноста и квалитетот на образованието може да се постигне и со 
отворање интернати во рамките на основните училишта во општинските центри.
 
Зголемувањето на гравитационата област на средните училишта и 
високообразовните институции се заснова на комплексна понуда на настава, сместување, 
храна, студиски и спортски објекти, здравствена заштита и културни активности. 
 
Во областите со мала густина на населението, подобрување на 
социјалната заштита 
може да се постигне со комбинирање со мобилни здравствени услуги, што би овозможило 
соодветни заштеди и поголема покриеност на неразвиените области. 
 
Појдовна точка на ефективна и исплатлива 
здравствена заштита 
е примарната 
здравствена заштита, која ја формира основата на системот за здравствена заштита. 
Обезбедувањето достапност и подигање на квалитетот на услугите и опремата на 
примарната здравствена заштита, ја намалува потребата од секундарни и терцијарни нив
оа 
