Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
211 
2. Услуги од повисоко ниво - се финансираат од јавните фондови и врз таа основа треба 
да им бидат достапни на членовите на одредена целна група согласно утврдените 
критериуми. Оваа група услуги опфаќа вишо и високо образование, болничка и 
специјализирана здравствена заштита, одреден и видови на социјална заштита за ранливите 
социјални групи, како и активности и услуги од областа на културата, спортот и рекреацијата.
 
Просторната достапност е една од клучните димензии на развојот на јавните услуги, 
бидејќи ја намалува социјалната исклученост, го подобрува квалитетот на животот и е еден 
од клучните фактори за зголемување на социјалната кохезија.
 
Вклучувањето на просторната димензија во развојот на услугите од јавен интерес 
бара примена на соодветни модалитети за организација на овие услуги, воспоставување на 
минимални обврзувачки стандарди, вклучувајќи мерки за зголемување на нивната 
просторна дос тапност и воспоставување корективни механизми за субвенционирање во 
неразвиените, демографски ризични подрачја и населби надвор од дневната гравитациона 
зона на општинските/градските центри. 
 
Зголемувањето на просторната достапност на услугите може да се постигне на 
различни начини, имајќи го во предвид видот/природата на услугата:
 
· 
Зголемување на гравитационото подрачје на услугата/институцијата
 
- 
организирање на комплементарни активности и содржини на поширока територија, 
како што се: студентски домови и интернати, приватно сместување за средношколци, 
студентски пансиони, средношколски и универзитетски кампуси, помали 
стационарни центри со здрав ствени домови за краткотрајно сместување на граѓани 
од далечни населби итн. 
· 
Користење на мобилни услуги 
кои ја зголемуваат понудата и го подобруваат 
квалитетот на услугите во населените места каде што не се обезбедени основните 
услуги, а бројот и концентрацијата на корисници не се доволни за да се обезбеди 
рационалност на организирање на постојана и класично
 (стационарна) организирана 
услуга. Мобилните услуги може да нудат услуги во основното образование, 
програмите за доквалификација и преквалификација, превентивната и примарна 
здравствена заштита, социјалната заштита, култура и други области. 
 
· 
Воведување и употреба на нови технологии во давање услуги (услуга на далечина) 
- иновативните модели за испорака на услуги современите дигитални технологии, 
можат значително да ја подобрат достапноста на услугите до корисниците, особено 
во помалку развиените и ретко населените места. Тоа се програми за „учење на 
далечина“ во образова нието, третмани од далечина во областа на здравствената и 
социјалната заштита (телемедицина, третман и совети, далечинско следење, 
состаноци на далечина итн.). Притоа, треба да се има предвид дека старосната, 
образовната и економската структура на домаќинс
твата во руралните населби и 
ридско-планинските подрачја често е ограничување за примена на новите 
технологии, како поради сиромаштијата, така и поради тешкотијата за користење на 
современи технологии и комуникациски уреди. 
Примената на разновидни модели на организација на услуги може да се постигне на 
неколку начини. Паралелното функционирање на јавниот и приватниот сектор во јавните 
услуги може да се надмине со формирање пазар на услуги, воведување конкуренција преку 
финанс ирање на програми, воспоставување на правото на корисниците да избираат 
даватели на услуги, заеднички програми и развој на различни форми на партнерство меѓу 
двата сектори. Поврзувањето на приватниот и јавниот сектор и актерите во организацијата 
