Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
209 
· 
Понуда на соодветни опции за домување како рамка за социјална и културна 
интеграција на различни општествени групи и спречување на сегрегација;
 
· 
Посебен пристап во решавање на проблемите со Ромските населби, поради 
специфичната положба (по правило во урбана средина, во традиционалните населби 
или на периферијата на урбаните центри) или ризикот од аспект на проблематичност 
на локацијата (на нестабил
ни терени, во поплавен простор, под далноводи, до 
депонија итн.). 
Станбената густина како еден од нормативите од кој зависи обезбедувањето на 
одржливо, соодветно домување претставува фундаментален инструмент во современото 
урбанистичко планирање, преку кој се дефинираат просторните, функционалните и 
социјалните карактери стики на урбаните средини. И покрај тоа што актуелните урбанистички 
трендови укажуваат на постепено зголемување на станбената густина во контекст на 
европските политики за компактни градови и намалување на урбаното ширење, 
ефективноста на ваквиот пристап з
ависи од степенот на интеграција помеѓу просторното 
планирање, транспортната инфраструктура и еколошките стандарди.Оптималниот модел на 
развој подразбира примена на средна до умерено висока густина, која овозможува 
балансирање помеѓу економската ефикасност
, социјалната интеракција и квалитетот на 
живот и е во согласност со концептите на „компактен град“ и „одржлива урбана мобилност“, 
кои се доминантни во европската урбанистичка теорија и практика. Конечно, станбената 
густина треба да се третира како динамич
на категорија, која се прилагодува на локалниот 
контекст, демографските трендови и развојните приоритети. Само преку интегриран и 
мултидисциплинарен пристап може да се обезбеди создавање на функционални, 
инклузивни и одржливи урбани средини. Во Република С
еверна Македонија, 
класификацијата на станбената густина се базира на комбинација од европски стандарди и 
национални урбанистички параметри. Современото планирање се насочува кон 
средна и 
умерено висока густина
, со цел да се постигне одржлив урбан развој, подобра 
инфраструктура и повисок квалитет на живот. 
 
Табела бр. 45 Класификација на станбена густина според европски стандарди
 
Категорија на 
густина на 
домување 
Опис на станбена 
структура 
Опсег 
(станови/ha) 
Град 
Многу ниска 
густина 
Индивидуални куќи со 
дворови, приградски 
населби 
< 20 ст/ha 
Дебар, Богданци, Крушево, Крива 
Паланка, Штип, Гевгелија, Виница, 
Македонска Каменица, Свети Николе, 
Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, 
Валандово, Струга, Делчево, Демир 
Капија, Кратово, Кочани, Прилеп, 
Неготино, Берово Пехчево, Битола, 
Куманово, Велес, Проби
штип, Радовиш, 
Ресен 
Ниска густина 
Мали станбени објекти (2 –3 
ката), отворени блокови 
20 –40 ст/ha 
Охрид, Струмица, Скопје, Македонски 
Брод, Гостивар, Тетово. 
Средна 
густина 
Мешани станбени блокови 
со средна катност (4 –6 ката) 
40 –80 ст/ha 
/ 
Висока 
густина 
Компактни станбени 
блокови, повеќекатници, 
мешано домување 
80 –150 ст/ha 
/ 
Многу висока 
густина 
Високи станбени кули, 
урбано јадро со интензивна 
изградба 
>150 ст/ha 
/ 
