Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
208 
6.2.3. Домување и јавни функции 
6.2.3.1. Домување 
Основните концептуални појдовни точки за развој на домувањето во РСМ се:
 
· 
Одржлив развој на домувањето, што подразбира сеопфатен развој и меѓусебно 
усогласување на елементите на економската, социјалната и културната одржливост и 
заштитата на животната средина, насочен кон задоволување на потребите на 
сегашните и идните генерации ; 
· 
Развој на секторот за домување, врз принципите на демократија, супсидијарност, 
интегративност (вертикална и хоризонтална) и партиципативност, усогласување со 
политиките на урбан и рурален развој и вреднување и поттикнување на социјалната 
вклученост и кохез ија; 
· 
Квалитет на домувањето кој е директно поврзан со квалитетот на животот и здравјето 
на жителите, по пат на утврдуваат одредени норми и стандарди за урбанистичко 
планирање и проектирање;  
· 
Воспоставување на урбанистичките нормативи кои се однесуваат на намена, 
типологија, густина на домување, компатибилност со други намени и придружни 
функции на домување, т.е. опремување на населбата со општествени и јавни функции 
и инфраструктура, потоа гол
емината на парцелите, растојанието помеѓу зградите, 
осончување, ориентацијата и сл.;  
· 
Примена на национални стандарди за проектирање на станбените згради и станови 
засновани на меѓународните стандарди со засилена контрола при издавањето 
одобренија за градба, особено во однос на структурата на становите, шемата за 
внатрешна организација, гол емината на станбените простории (површина и волумен), 
ориентација, осонченост и проветреност, решавање на сообраќајот во мирување и 
нормативите за пристапност за лицата со посебни потреби;
 
· 
Посебни стандарди за домување во периурбаните (приградски) населби во однос на 
регулирање на главните сообраќајници со придружна инфраструктура, дефинирање 
на минимална површина на парцелата, организација на селското домаќинство и со 
параметри за градба на сите објекти (станбени, земјоделски и составни); 
· 
Почитување на дополнителни барања, поврзани со енергетската ефикасност, 
зелената архитектура, јаглеродниот отпечаток и паметните згради;
 
· 
Соодветно домување достапно за сите граѓани, со развиен државен систем на 
станбена поддршка за сите домаќинства со приоритет на социјално ранливите и други 
категории, како: млади брачни двојки, повеќечлени семејства со 3 или повеќе деца, 
самохрани родители , лица со попреченост, лица со пречки за самостоен живот, 
припадници на војската и полицијата, преку субвенционирани цени на станови или 
кредитирање; 
· 
Избирање на локации за изградба на „социјални“ станови на јавно земјиште (локации 
на поранешни касарни, индустриски капацитети и т.н., под услов да ги исполнуваат 
еколошките услови со примена на соодветни мерки); 
· 
Регулирање и подобрување на постојните супстандардни населби на одржлив начин, 
и интегрирање во социо
-просторната рамка на урбаните/руралните населби без 
можност за натамошно ширење; 
