Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
207 
со исчезнатите клучни содржини и услуги, односно исполнување на минимални услови за 
безбеден и квалитетен живот (предучилишни установи, основни училишта и здравствени 
амбуланти). Овие планови ќе се работат со примена на специфични стандарди за урбаните 
параметри (густина на градба, висина, растојание меѓу зградите, големина на парцела и сл.), 
со оглед на тоа дека се работи за веќе изградени објекти. Посебно внимание треба да се 
обрне на: 
· 
обезбедување на соодветна, особено сообраќајна инфраструктура;
 
· 
решавање на проблеми со хазардни ситуации (несоодветни геолошки терени, 
свлечишта, поплави, пожари, локација под далноводи, близина до депонии итн.); 
· 
соодветна поделба и организација на земјиштето, 
со примена на методи на 
консолидација, урбана преквалификација и урбана комасација, 
имајќи предвид дека 
овие населби најчесто се формираат на земјоделско земјиште, 
со повеќе објекти на 
една катастарска парцела; 
· 
обезбедување на 
локации за основни јавни намени (здравствен дом, училиште, 
градинка итн.), како и разгледување на влијанието на населбата врз животната средина 
и спроведување на нејзината интеграција во урбаното ткиво
. 
 
 
 
