Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
206 
· 
Поефикасно и рационално користење на земјиштето преку спречување на трајно 
уништување на продуктивните и екосистемските функции на земјиштето на големи 
површини, со креирање на плански решенија за зголемување на густината и 
компатибилност на намени, искори
стување на постојните празни и напуштени 
деловни/индустриски простори, поттикнување на повторно користење, 
ревитализација и активирање на кафеави (brownfield) локации
; 
· 
Преиспитување на ефектите на постојните системи за управување со градежно 
земјиште, особено во однос на фондот на земјиштето на кое не е реализирана 
намената. 
6.2.2.4. Урбан идентитет 
Во согласност со дефинираните цели, планските решенија на просторниот развој од 
аспект на зачувување на урбаниот идентитет, вклучуваат:
 
· 
Препознавање на вредните просторни елементи и целини кои се 
дел од урбаниот 
идентитет и треба да се заштитат со планирање
; 
· 
Просторно поврзување на валоризираните елементи на физичката и урбаната 
структура, со вклучување на локалитетите на културното наследство со нивното 
окружување; 
· 
„Брендирање“ на просторните целини со идентификуван урбан идентитет; 
дефинирање на културни подрачја и културни рути. 
 
За тие цели, неопходни се механизми на интегрирана заштита и управување со 
просторот. Брендирањето се однесува на населени места кои се препознаени и во секторот 
туризам и се поврзуваат со урбаните репери како важни одредници на нивниот идентитет: 
Скопје ( Скопско Кале, Стара скопска чаршија, централно градско јадро), Охрид (светско 
културно наследство, „прв словенски универзитет“, антички Лихнидос, „лулка на словенската 
писменост“, духовен и просветен центар), Битола („градот на конзулите“), Прилеп 
(„престолнина на Крали Марко“), Крушево („градот на борбата за независност на 
македонскиот народ“), Велес („градот на мостовите“), Кратово (познато по мостовите и 
кулите), Кичево („процутот на македонската култура низ вековниот непокор“, како и групи 
објекти во Ст румица, Штип, Гостивар односно меморијални комплекси во Струга, Тетово, 
Берово. Посебно се потенцираат вредностите како што се градските силуети, амбиенти, 
верски објекти и средновековни кули, како и традиционалната архитектура. Во рамките на 
самите урбани населби, потребно е да се интензивира препознавањето, заштита и промоција 
на веќе заштитените просторни културно
-историски субјекти: градските центри, старите 
градски јадра, амбиенталните целини и чаршиите. 
6.2.2.5. Третман на бесправно изградени објекти
 
Бесправната градба како длабоко вкоренет, долгогодишен проблем бара сериозен и 
повеќеслоен пристап, разработен сет политики, мерки и алатки, поширок опсег на строгост 
или толеранција, кои ќе се применуваат во зависност од локацијата, намената и типот на 
населба (рурална или урбана населбa, заштитено подрачје, централна зона или периферија), 
за изолирани/индивидуални случаи или за масовна појава, т.е. цела населба. 
 
Покрај законот за легализација за индивидуални објекти, кој мора да биде конечен и 
без можност за последователност т.е. нова регистрација на бесправно изградени објекти, 
решавањето на статусот на бесправно изградените (нелегални, непланирани, неформални) 
населби како сложен и комплициран проблем од социјален, економски, правен и културен 
аспект, е во изработка на планови за санација, со кои ќе се планираат и решаваат проблемите 
