Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
205 
Во населените места од руралната периферија со слаба демографска динамика, 
неопходно е да се обезбеди пристап до основните услуги за повозрасната популација. И 
покрај депопулацијата, некои села кои исчезнуваат може да ги подобрат развојните 
можности низ це лосна промена или диверзификација на функциите: пренасочување на 
активностите од примарниот кон услужниот сектор (туризам и рекреација), обновување на 
традиционалните активности со воведување нови, комплементарни активности (еко
-
туризам) и слично. 
Планирање на развојот 
Реалните очекувања се дека до 2040 година ќе има зајакнување на функциите, 
економскиот развој и нови интегративни улоги на одредени помали урбани центри, особено 
оние во урбаните подрачја и во агломерациите. 
Во регионалните просторни планови, со особено внимание треба да се третира 
метрополското подрачје, агломерациите и урбаните средини од регионално значење, од 
аспект на: попрецизно дефинирање на нивниот опфат, хиерархија на центрите и зајакнување 
на полицен тричноста, внатрешна инфраструктурна поврзаност, дистрибуција на функции и 
оптимизација на услугите, особено на јавните функции и институциите. Во локалните 
планови потребно е да се разработат локалните урбан урбани подрачја и да се воспостави 
хиерархија н а локални центри. Покрај развојот на центри со специфични функции, центри на 
заедници на населби и микро -развојни јадра, се промовира нов модел на локална рурална 
интеграција - формирање на услужни или сервисни станици. Тоа се точки, пунктови на 
сообраќајно достапни локации во руралните средини кои се и јазли на пристапни патишта до 
селата. На овој начин кон станиците гравитира значително поголем број корисници на услуги, 
а услугите се достапни и за патниците во транзит, сезонските корисници итн. Погодни 
локации за услужните станици се покрај постоечките бензински пумпни станици, ресторани, 
како и јавни и административни објекти кои веќе се препознаени како јазли. Услугите што ги 
нудат овие станици зависат од специфичните потреби на населението и условите на
 теренот, 
а најчести се: продавница, откупна станица, АТМ/пошта, пункт на локалната управа, 
амбуланта, ветеринарна амбуланта, училиште, градинка, итн. Сезонски, тие можат да служат 
и како истурени пунктови на полицијата, противпожарната служба, брзата помо
ш, горско -
спасителните служби, претпријатијата за одржување на патиштата, инспекциските служби 
итн. Работата на станиците може да биде периодична, сезонска или постојана и може да се 
организира во мултифункционални објекти. 
6.2.2.3. Одржлив просторен развој и користење на земјиштето
 
Во услови на сè поактуелни модели/концепти за одржливо користење на земјиштето, 
„без нето зафаќање“ и концепти за обезбедување на сигурност на храната, спречување на 
деградација на земјоделското земјиште итн., неопходно е во планирањето да се вклучи 
идентификацијата на подрачја со висококвалитетно земјиште за производни цели на 
стратешко ниво: 
· 
Насочување на изградба кон земјиште од маргинално значење за земјоделството (од 
шестата и повисока бонитетна класа); 
· 
Заштита на земјоделското земјиште како долгорочен приоритет и з
апирање на 
стихијното и „нето“ зафаќање на шумско и земјоделско земјиште, освен за активности 
и инвестиции од јавен интерес ; 
