Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
204 
Скопје во функционалната организација на Државата
. Оваа зона има тенденција да се 
прошири на југоисток по автопатот А1 и на запад по автопатот А2. Покрај непосредната 
близина до центарот на урбаното подрачје, определувањето на периурбаните населби бара 
индикатори на ниво на населба за социо
-економските с труктури и просторната насока на 
дневната миграција.  
Микроразвојните центри
, како помалку урбанизирани населби, ја извршуваат 
улогата на центри за микро
-развој и ја интегрираат непосредната рурална област. Овие 
населби се опремени со основни услуги (образование, здравство, 
комерцијални дејности 
итн.) и претставуваат главни носители на урбано -руралните врски помеѓу развиените урбани 
и типично руралните средини. Центрите за микроразвој во повеќето случаи се дел од 
поголемо урбано подрачје или функционираат како центар на општините (населб
ите Чашка, 
Ростуше, Конче, Брвеница, Боговиње, Зрновци, Дојран итн.). Развојните центри се населби со 
релативно одржлив демографски потенцијал, функционален капацитет, повисок квалитет и 
подобра пристапност во сообраќајот во споредба со околината. Како так
ви, тие 
претставуваат инструмент за релативно рамномерен одржлив просторен развој, основа на 
просторна организација и интегрален рурален развој. 
Ретко населените рурални подрачја
 се простори во кои урбаните подрачја не играат 
улога на двигатели на растот (планински населби, погранични населби). Нивниот развој е во 
голема мера ограничен од природните услови. Тоа се населени места со исклучително слаба 
демографска динамика (помалку од 100 
жители) и сочинуваат речиси половина од 
населените места во РСМ. Периферната положба во мрежата на населени места
, 
предиспонирана од географската положба и релјефот, неповолната старосна и образовна 
структура, слабата сообраќајна пристапност итн., ги попречува можностите за развој и 
ревитализација на овие простори. 
Овие ретко населени подрачја се з
астапени во сите 
региони, а најмногу во источните и југозападните делови на Државата . 
Во планскиот период, развојот на населбите кој е резултат на актуелните трендови, 
ќе резултира со силна поларизација на просторот. Населението ќе биде концентрирано 
главно во урбаните средини. Во периурбаните подрачја, планските мерки треба да се насочат 
кон зајакнувањето на урбано
-руралните врски, односно дневната миграција. Иако 
периурбаните подрачја, најчесто се гледаат во негативен контекст поради мешањето на 
урбаните и руралните функции, овој пристап може да има позитивни ефекти врз 
намалувањето на пре кумерната концентрација на жители и функции во урбаните подрачја. 
Конкретните мерки би вклучиле унапредување на животот во руралните подрачја преку 
подобрување и модернизација на земјоделското производство, инвестиции во 
инфраструктурата, зајакнување на ту
ризмот и услужниот сектор, подобрување на 
пристапноста и услугите на јавниот транспорт со цел да се поттикнува дневната миграција и 
зачувувањето на земјоделското земјиште. Политиките и стратегиите за планирање на 
периурбаните подрачја мора да ја земат пред
вид нивната разновидност и развојните 
можности во согласност со нивните специфичности и компаративни предности.
 
Одржливите, демографски витални рурални населби, треба да се третираат во 
контекст на одржливо користење на локалните ресурси, кои вклучуваат единствена 
природна средина, традиционални активности, земјоделство, шумарство, риболов и други 
локални дејности. 
Неопходно е насочување на активностите кон диверзификација на 
земјоделското производство, модернизација на инфраструктурните системи поврзани со 
земјоделството, поддршка на мешовитите домаќинства и создавање услови за квалитетен 
живот на село со посебен ак цент на помладата популација. 
