Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
203 
Демир Капија, Кратово, Кочани, Берово, 
Пехчево, Куманово  
Ниска густина 
Отворени урбани ткива со 
преовладувачко 
индивидуално домување и 
ограничени јавни функции 
20 – 50 
жители/ha 
Охрид, Струмица, Скопје, Кавадарци, 
Прилеп, Неготино, Битола, Велес, 
Пробиштип, Радовош, Македонски Брод, 
Ресен, Гостивар 
Средна 
густина 
Мешани урбани зони со 
станбени блокови, трговија и 
јавни функции во пешачка 
достапност 
50 – 120 
жители/ha 
Тетово 
Висока 
густина 
Компактни градски центри со 
повеќекатни згради, мешано 
домување и висока 
активност 
120 – 250 
жители/ha 
 /  
Многу висока 
густина 
Густо изградено градско 
јадро, високи катности, 
интензивна комерцијална и 
јавна намена 
> 250 
жители/ha 
 /  
Селски населби 
Главни карактеристики на мрежатa на населби во Државата се нерамномерната 
просторна распределба на населението со доминација на мали рурални населби, што 
резултира со сложена и хиерархиски недоволно структурирана мрежа на населби. Според 
податоците од Попи сот од 2021 година, околу 39% од вкупното население на РСМ живеело 
во рурални средини. Генерално, руралните области се изложени на негативни демографски 
движења со евидентна демографска фрагментација на населбите, последица на 
долгогодишното иселување на н
аселението. Стопанството главно се базира на 
земјоделството, кое во ретки случаи има интензивен и пазарно ориентиран карактер. Во 
просторно -функционалната организација се забележува диспаритет помеѓу 
градовите/општинските центри и околните рурални населби.
 Новите концепти ја 
истакнуваат условеноста и поврзаноста на урбаните и руралните подрачја и имаат сè 
поголемо влијание врз диференцијацијата, интеграцијата, планирањето и рационалното 
организирање на просторот. Имајќи ги предвид различните карактеристики 
и услови на 
создавање на населби, неопходен е диференциран пристап кон развојот на урбано
-
руралните врски и трансформацијата на мрежата на рурални населби.
 
Врз основа на постигнатите урбано
-рурално врски, може да се идентификуваат три 
типа области: 
Периурбаните подрачја
 претставуваат простор со мешани елементи на урбан и 
рурален начин на живот, поголем прилив на население и мешано користење на земјиштето. 
Во однос на другите рурални средини, периурбаните подрачја се карактеризираат со 
поголем број жители, поволна структу ра на населението, подобра достапност до функциите, 
поголемо учество на миграциската компонента во демографскиот развој, поради што имаат 
повеќе урбан отколку рурален карактер. Приградските населби се атрактивна дестинација 
за мигрантите поради поповолните
 услови за живеење, организацијата на просторот за 
живеење, пониските цени на земјиштето и можностите за индивидуална изградба на станови 
и други објекти. Во оваа категорија области, најголемо учество имаат населбите од 
приградски карактер кои се дел од Ск опската метропола (делови од општините Сарај, Ѓорче 
Петров, Шуто Оризари, Гази Баба, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, 
Студеничани и Чучер -Сандево). Периурбаните населби претставуваат континуирана зона на 
позитивни демографски и функционал
ни карактеристики, што го нагласува значењето на 
