Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
202 
Агломерација:  
Тетово -Гостивар. 
Тетово и Гостивар. 
  
Североисточен 
Дел од метрополското подрачје на Скопје;
 
Агломерација: 
Куманово; 
Центри во рурално окружување: Кратово и 
Крива Паланка. 
Центар на агломерација: Куманово; 
Локални центри:  
Кратово и Крива Паланка. 
Скопски  
Дел од метрополското подрачје на Скопје;
 
Агломерација: 
Скопје 
Центар на Метропола:  
Скопје; 
Центар на агломерација:  
Скопје 
Управувањето со урбаниот регион како што е метрополитенското подрачје на Скопје 
бара интегрален пристап во кој, врз основа на дневната миграција, оптимално ќе се 
димензионираат потребите за инфраструктура, јавни услуги, комунална опременост, градско 
зеленило, управување со вонредни ситуации и друго. Иако метрополското подрачје на 
Скопје, поради географската предиспозиција и просторната распределба на населението, 
инфраструктурата и функциите, нема конкурентно урбано подрачје, сепак, со соодветни 
мерки за пл анирање и развојни политики, можно е да се формира одредена полицентрична 
структура во урбаниот систем, која може да ја имаат Битола, Прилеп, Охрид, Струга и 
Струмица. На овие урбани средини може да им се обезбеди улога на инструмент на 
„контролирана конце нтрација“, кој до одреден степен би ја растоварил метрополата Скопје и 
би ги зајакнал овие регионални урбани системи преку вмрежување на околните населби и 
рурални центри. 
Генерално, за да се зачува оптималната полицентрична структура на урбаниот 
систем, неопходно е да се обезбеди зајакнување на функцијата на локалните центри не само 
преку мерки за просторно планирање, туку преку интегрални развојни политики. Само оние 
урбани центри кои имаат доволно развиени економски функции, мрежа на јавни услуги и 
развиена инфраструктура, можат да претставуваат центри на локална интеграција, што ќе го 
забави или запре иселувањето на населението. Сепак, во наредниот период мора да се 
прифа ти фактот дека многу помалите урбани центри ќе имаат сезонски начин на 
функционирање и користење на просторот. Ова особено се однесува на помалите урбани 
центри и центри со рурално опкружување во планинските и периферните подрачја каде 
развојните перспекти ви можат да се потпрат на локалните специфичности, културното 
наследство, заштитените природни добра, традиционалните активности, земјоделството и 
другите аспекти карактеристични за руралниот развој. Во оваа смисла, овие центри треба да 
имаат на располагањ
е бројни фондови и стимулативни мерки за развој на руралните 
простори. 
Урбана густина 
Согласно Европските стандарди за урбана густина, градовите во нашата Држава и во 
планскиот период ќе останат во категориите многу ниски и ниски урбани густини, освен 
Тетово, кој ќе припадне во категоријата градови со средна урбана густина од 50
-120 
жители/ha. 
Табела бр. 44 Класификација на урбана густина според европски стандарди
 
Категорија на 
урбана 
густина 
Опис на урбаниот карактер 
Опсег на 
густина 
(жители/ha) 
Град 
 
Многу ниска 
густина 
Рурални населби, 
приградски населби со 
индивидуални куќи, големи 
зелени површини 
< 20 жители/ha 
Дебар, Богданци, Крушево, Крива Паланка, 
Штип, Гевгелија, Виница, Македонска 
Каменица, Свети Николе, Демир Хисар, 
Кичево, Валандиво, Струга, Делчево, 
