Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
190 
VIII-Тиквешки басен . 
Во рамки на Српско -македонскиот масив се издвоени следните рудни басени:  
IX-Пробиштипски басен и 
X-Делчевско -Пехчевско -Беровски басен. 
Енергијата добиена од согорување на лигнитот ќе остане базична енергија, но 
резервите се ближат кон исцрпување, а наоѓалиштата Звегор
-Стамер, Панчерево и Лавци 
располагаат со помали депозити и нивната употреба е дискутабилна не само заради 
количините на ја глен, туку и поради оддалеченоста од постоечките термоелектрани. 
 
Јагленовите резерви од наоѓалиштата Звегор Стамер и Панчерево, може да се 
искористуваат за потребите на новиот термоенергетски објект „Исток“ (во Беровско 
– 
Пехчевскиот басен) со инсталиран капацитет од 60 MW, но само со експлоатација на јаглен 
од двете наоѓалишта, додека резервите од наоѓалиштето Лавци за потребите на РЕК Битола, 
кој се наоѓа на 60 km оддалеченост, доколку за тоа постои техничко
-економска оправданост, 
имајќи ги предвид својствата на јагленот, методот на експлоатација, квантитетот и 
транспо ртните трошоци.  
Во планскиот период постојат услови за отварање на нови рудници за јаглен
: Звегор -
Стамер, Поповјани , Лавци, Панчарево, Живојно, Мариово и Неготино ; но продолжувањето со 
експлоатацијата на јагленот е во зависност од 
определбата на нашата држава за „праведна 
транзиција“, која подразбира напуштање на базичната енергија и ориентација кон обновливи 
извори. 
6.1.3.2. Одржливо користење на минералните суровини
 
Користењето на минералните ресурси на одржлив начин, меѓу другото, значи и 
постепено намалување на отпадот од искористувањето на минералните суровини. Најдобар 
начин за тоа е
 воведување на принципот на т.н. 
циркуларна економија во секторот 
минерални суровини , што претставува економски систем насочен кон елиминирање на 
создавањето на отпад, финално отстранување на отпадот на депониите и континуирано 
користење на минералните ресурси до најголемо достапно ниво
. На тој начин, се намалува 
потребата од користење нови минерални ресурси, се намалува создавањето на отпад, а 
со 
тоа и загадувањето и емисиите од стакленички гасови. Во рудничките комплекси ќе се 
намалат потребите од простор за одлагање на отпад (јаловишта/хидројаловишта)
 и 
површините за концесии. 
6.1.3.3. Рекултивација на деградираните подрачја
 
На рекултивација на деградирани подрачја во нашата земја многу малку се обрнува 
внимание, како од страна на приватните концесионери, така и од страна на државните 
компании кои се занимаваат со експлоатација на минерални суровини. Во таа насока, во 
планскио т период неопходно е спроведување на следните мерки: 
· 
намалување на површините ангажирани за потребите на рударството; 
· 
пошумување на делот од земјиштето кој се вклопува во концептот за уредување на 
просторот; 
· 
пополнување на депресиите настанати од коповите со вода и уредување за потребите на 
водостопанството, рибарството и рекреација ; 
· 
соодветно обликување на одлагалиштето на јаловини; 
· 
рекултивација на напуштените рудници ; 
· 
зајакнување на капацитетот на инспекциските служби
.  
 
