Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
189 
Од аспект на експлоатација на неметаличните минерални ресурси, во планскиот 
период неопходно е: 
· 
детално истажување на лапоровитите наоѓалишта;
 
· 
утврдување на локациите за добивање на цементни пуцолани (туфови, бречи и нивните 
силифицирани еквиваленти). Особено потенцијални се пуцоланите северно од село 
Спанчево, Турско Рударе и Стрмош. Во функција на намалување на јаглеродниот 
отпечаток (carbon fo
otprint) во воздухот, пуцоланите ги заменуваат пепелите од 
термоцентралите кои досега масовно се користеа во цементната индустрија; 
 
· 
лимитирање на употребата на седиментни (речни или езерски) агрегати за бетон, 
особено недозволена експлоатација на песок и чакал од речните корита и нивна замена 
со карбонатите како технички дробен камен. За таа цел потребно е да се дефинираат 
локации за отварање на вакви каменоломи.  
Енергетски минерални суровини 
 
Слика бр. 31 Реонизацијата на енергетски минерални суровини
 
Легенда: I -Струшки басен, II -Пискупштински басен, III -Кичевски басен, IV -Пелагониски басен, V -Мариовски басен, 
VI-Скопски басен, VII -Катлановски басен, VIII -Тиквешки басен, IX -Пробиштипски басен, X -Делчевско -Пехчевско -
Беровски басен 
Во Западно-македонската зона се селектирани три металогенетски единици (рудни 
басени) во поглед на енергетските минерални суровини 
- јаглени: Струшки басен (I), 
Пискупштински басен (II) и Кичевски басен (III).  
Во Пелагонскиот масив детектирани се две металогенетски единици: Пелагониски 
басен (IV) и Мариовски басен ( V): 
Следува Вардарската зона со следните рудни басени: 
VI-Скопски басен ; 
VII-Катлановски басен и 
