Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
187 
поле Радуша (3) со резервите на хромитски оруднувања кои долги години беа предмет на 
активна експлоатација и сеуште се актуелни, Рудно поле Лојане
-Никуштак (5), со 
потенцијалот на антимон кој спаѓа во групата на критични минерали и помали појави на 
бакар и молибден; понатаму Кожувски руден реон (6), како еден од попознатите рударски 
локалитети по богатството со антимон, 
златото кај Алшар, железно -никлоносните руди, 
фероникел, како и полиметални оруднувања (бакар -олово-цинк-злато-сребро). На оваа зона 
припаѓаат и: Рудниот реон Бучим
-Дамјан-Боров Дол (7), познат по железни и бакарни 
оруднувања кои веќе се експлоатираат во рудникот
 Боров Дол, но и со можност за 
доистражување, и Валандовски руден реон (8), како еден од најперспективните, со бројни 
наоѓалишта и појави на бакар, олово -цинкови руди, злато и железо. 
Во рамки на Српско Македонскиот масив , се издвоени 5 металогенетски единици од 
понизок ранг:  
9 - Руден реон Кратово -Злетово - еден од најголемите и најатрактивните, познат уште 
од римско доба по оловно -цинковите руди, бакарот, златото и уранот; 
10 - Руден реон Луке -Караманица - антимон, оловно-цинкови резерви, злато и сребро; 
11- Руден реон Саса -Тораница, со резервите на оловно
-цинкови руди, коj и покрај 
експлоатацијата во рудникот Саса има потенцијал и за нови истражувања на оловно
-цинкови 
руди, бакар, антимон и железо; 
12 - Пехчевско рудно поле - железо, бакар (Кадиица), олово и цинк; 
13 - Огражденско рудно поле, со најголемиот потенцијал на бакарни руди во 
Државата во наоѓалиштето Иловица, како и кварцно златоносни жици, олово и цинк.
 
Тораница и Злетово со по околу 6 000 000 тони експлоатациони резерви оловна руда и 
заеднички капацитет на призводство од околу 300 000 тони олово ќе бидат активни и во 
периодот 2021 -2040 година, како и Рудникот Боров Дол, со околу 62 000 000 
експлоатациони тони рудни резерви и годишно производство од 4 500 000 тони бакар. Во 
периодот до 2040 година, треба да се отворат уште 
5 рудници на метали: Иловица – Штука 
(бакар и злато), Казан Дол (бакар и злато) , Плавица (бакар , злато и сребро), Кадиица (бакар) 
и Луке (антимон , олово-цинк, злато и сребро ).  
