Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
186 
6.1.3. Користење на минерални ресурси
 
Нашата држава во моментот не е силно развиена рударска земја и нејзината визија 
треба да е насочена кон зајакнување на овој сектор на стопанството, по пат на поинтензивно 
искористување на минералните ресурси низ примена на новите техники и технологии на 
одржливо користење. Преминот кон ефикасна, безбедна и одржлива 
економија со ниска 
употреба на јагленот како Стратешка определба на Европската комисија (ЕК) до 2050 година 
е исто така насока која треба да биде дел од визијата и долгорочните насоки за развој на овој 
сектор. 
6.1.3.1. Приоритетни простори за геолошко истражување и експлоатација
 
Реонизацијата на минералните ресурси за металични, неметалични и енергетски 
ресурси е претставена во рамките на главните структурно
-металогенетски единици. 
Металични минерални суровини 
Во Западно-македонската зона се издвоени две металогенетски единици: рудно поле 
Стогово (1) во кое се констатирани повеќе наоѓалишта и појави на манган, железо или мешани 
оруденети простори на овие два метала, и Кичевскиот руден реон (2), кој зафаќа значителен 
простор во општина Кичево и неколку околни општини, каде се наоѓа наоѓалиштето на 
железо Тајмиште, кое и покрај престанокот со експлоатација, останува како можна опција за 
реактивирање, и молибденот кај локалитетот Стрелци. 
 
Слика бр. 29 Реонизацијата на металични минерални суровини
 
Легенда : 1-Рудно поле Стогово, 2 -Кичевски руден реон, 4 -Рудно поле Нежилово, 3 -Рудно поле Радуша, 5 - Рудно 
поле Лојане -Никуштак, 6 - Кожувски руден реон, 7 - Руден реон Бучим -Дамјан-Боров Дол, 8 - Валандовски руден 
реон, 9 -Руден реон Кратово
-Злетово, 10 -Руден реон Л
уке-Караманица, 11 -Руден реон Саса
-Тораница, 12 -
Пехчевско рудно поле, 13 - Огражденско рудно поле 
Во рамките на Пелагонискиот масив е издвоено рудно поле Нежилово (4) од понизок ранг. 
Вардарската зона се истакнува со 5 металогенетски единици од понизок ранг: Рудно 
