Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
185 
- Општ план за управување со дивечот (Ловностопанска основа) како стратегиски 
документ за развој и управување со дивечот;  
- Регионални планови за управување во издвоените ловни подрачја заради 
спроведување на единствена ловна политика и соодветни мерки за заштита, одгледување и 
унапредување на стопанисувањето со дивечот и 
- Ловностопански основи како оперативни документи и особено годишни планови за 
управување со дивечот како корективи на посебните ловностопански основи. 
 
2. Мерки за заштита на дивечот, кои опфаќаат физички, правни, биолошки и 
здравствени мерки, како и мониторинг на дивечот, информирање и едукација на 
населението.  
Табела бр. 60 Проектирана бројна состојба на дивечот и дозволен годишен отстрел
 
Вид на дивеч  
Матичен 
фонд 
Еколошки 
периодичен 
прираст 
Капацитет 
Можен 
отстрел 
Обичен елен (Cervus elaphus ) 
2000 
580 
2.580 
350 
Срна (Capreolus capreolus ) 
17000 
5000 
22000 
3000 
Дивокоза (Rupicapra rupicapra ) 
2700 
680 
3380 
400 
Дива свиња (Sus scrofa )* 
13000 
7500 
20500 
4500 
Зајак (Lepus europaeus ) 
28000 
14000 
42000 
9000 
Полска еребица (Perdix perdix ) 
35000 
22000 
57000 
14000 
Еребица камењарка (Alectoris graeca ) 
3100 
1550 
4650 
900 
Фазан (Phasianus colchicus ) 
3500 
2000 
5500 
1200 
6.1.2.6. Заштита од ерозија, порои и опустинување
 
Шумарството има значаен придонес во заштитата од ерозија, порои и опустинување, 
пред се преку одржливото стопанисување со шумите, пошумувањето, одржливите 
одгледувачки мерки, мелиорацијата на деградираните шуми и шикари и начин
от на 
користење на шумите и планирањето и градбата на шумските комуникации.
 
Противерозивната заштита на просторот се спроведува со:
 
· наменски насочено користење на површините подложни на ерозија; 
· прилагодување на користењето на шумите на локации под закана од ерозијата; 
 
· интензивно пошумување на ерозивно активните подрачја и нега на шумите;
 
· уредување на поројните водотеци со различни пред се биоинженерски мерки;
 
· посебни биоинженерски мерки за заштита од обрушување, одрони и свлечишта на 
стрмни падини и речни брегови и 
· мерки за заштита од ерозија на шумската инфраструктура. 
 
 
 
