Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
184 
на т.н. корегираните оптимални густини (kXop) потребно е да се изградат 2.931,2 km меки, 
2.702,2 km тврди или вкупно 5.633,4 km шумски патишта. 
 
6.1.2.3. Преработувачки капацитети
 
Во услови на зголемена побарувачка на дрво 
и дрвни пр оизводи, преработувачката 
индустрија во Државата би требало да доживее експанзија.
 Имајќи ја предвид големата 
акумулативна и производствена моќност на постојните капацитети за примарна преработка 
на дрво, како и вкупниот годишен етат од техничко дрво (кој изнесув
а 120.013 m³ во 2021 
година), има недостаток на суровина од техничко дрво
-трупци за примарна преработка од 
околу 30.000 m³, кој може да се надополнува од увоз. За постигнување на стабилна и 
развиена дрвна инд устрија, која ќе придонесува во вкупниот економски развој, потребно е 
спроведување на следните мерки: 
1. Стимулирање на инвестиции во примарната преработка на дрво и производство на 
мебел; 
2. Поддршка на развојот на мали и средни приватни дрвно
-преработувачки компании со 
техники и технологии кои овозможуваат подобра конкуренција;
 
3. Континуирано снабдување со суровински материјал и примена на компетентно 
стопанисување за да се обезбеди конкурентна индустрија;
 
4. Забрзување на меѓународната стандардизација во дрвната индустрија и поддршка на 
процесот за сертификација на шумата; 
5. Зајакнување на меѓу -секторската комуникација и соработка согласно со пазарните 
услови преку размена на информации и технологии; 
6. Промовирање и внесување на прифатливи технологии за енергија базирани на дрвна 
биомаса. 
6.1.2.4. Заштита на шумите 
За подобрување на здравствената состојба на шумите и превземање на навремени 
мерки за заштита, се препорачува редовен и континуиран мониторинг на појавата, 
динамиката на бројноста на популациите, штетите и епифитоциите кои ги прават штетните 
инсекти и раст ителните болести во шумите, културите и расадниците во Државата.
 
Од особено значење се превентивните мерки за заштита од штетни инсекти и 
растителни болести, кои се состојат од голем број активности, како подигање на мешовити 
шуми, спроведување на навремени одгледувачки мерки во ново подигнатите шумски насади, 
правилно стопанисување со шумите, воспоставување шумски ред, перманентна грижа за 
добра здравствена состојба на семенските состоини, употреба на здраво семе, производство 
на здрав посадочен материјал и слично. 
6.1.2.5. Ловство 
Основната функција на ловството е одржливо управување со популациите на 
дивечот, како само делумно обновлив природен ресурс, унапредување на виталноста на 
популациите на дивечот и неговите живеалишта, заштита и унапредување на биолошката 
и 
пејзажна разновидност, зачувување на еколошката рамнотежа на природните живеалишта и 
целокупната дива флора и фауна, односно стабилност на севкупноста на биоценоз
ите. 
Како приоритетни плански решенија се предвидуваат:
 
1. Воведување на тростепено планирање, кое опфаќа изработка на:
 
