Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
183 
пожар или некоја непогода од биотски или абиотски фактор (ветроизвала, снеголоми и сл.), 
како и со метод на директна
 конверзија на деградирана шума и шикара (се отстранува 
деградираното, па се врши пошумување). 
Пошумувањето се практикува и како дел од биоинженерските мерки за заштита од 
ерозија и намалување на поројната опасност, како и за рекултивација на нарушени терени 
(копови, депонии, јаловишта).  
Технологијата на расадник от треба да се усогласи со производство на повеќе видови 
расад со специфична (еколошка) намена, како на пример поголеми пресадени садници за 
пошумување и рекултивација на суви, ерозивни или плевелни површини, контејнерски 
садници со поголем волумен на конт
ејнерот за суви и ерозивни земјишта итн. Потребно е 
подобрување на некои алатки за садење т.е. прилагодување за применета подготовка на 
почвата и тип на расад, како и спроведувањето на конзистентни мерки за одгледување со 
цел подобрување на успехот на пошумува њето.  
6.1.2.2. Користење и транспорт 
Во планскиот период се очекува зголемување на притисокот врз шумите и 
зголемување на побарувачката на дрвни производи од шума и техничко (индустриско) дрво. 
Интензитетот на сеча до 2040 година ќе изнесува 1.150.000 m
3 (зголемување за 36% од 
реализираниот етат во минатите две децении). 
Во структурата на дрвната маса и понатаму ќе доминираат буката и дабот како 
најзначајни видови со околу 83,6 %
 застапеност, a oгревното дрво останува доминантно во 
однос на техничкото. Користењето на недрвни шумски производи треба да се зголеми, по 
претходно утврдување на нивната состојба, односно соодветна организација на целиот 
сектор. Со оглед на големата побар
увачка на другите шумски производи и на странските 
пазари, можноста за нивно зголемено користење, значи и мож
ност за попрофитабилно 
работење на секторот шумарство, побрз економски развој, особено на пасивните рурални 
подрачја и остварување на поголеми девизни ефекти при стопанисувањето со шумите и 
шумското земјиште. Имајќи ги предвид реалните можности за користењ
е на другите шумски 
производи, во рамките на целокупниот расположив капацитет (15.000 t/ година сува корисна 
биомаса според старите проценки), тенденцијата е во наредн
иот период постојано да се 
зголемува користењето на сувата корисна биомаса.  
Табела бр. 59 Проекција на исечена дрвна маса и сортименти
 
Регион 
Листопадни  
[m3] 
Иглолисни 
[m3] 
Техничко 
[m3] 
Огревно 
[m3] 
Oтпадок  
[m3] 
Вкупно 
[m3] 
Вардарски 
109622 
16023 
27925 
90287 
7433 
125645 
Источен 
225828 
43238 
72707 
177410 
18949 
 269066 
Југозападен 
192767 
6743 
12589 
180946 
5975 
199510 
Југоисточен 
153071 
6923 
43471 
103035 
13488 
159994 
Пелагониски 
136155 
22424 
19725 
133959 
4894 
158578 
Полошки 
78735 
11605 
15898 
72518 
1924 
90340 
Североисточен 
89304 
12956 
2816 
92530 
6914 
102261 
Скопски 
44245 
103 
144 
44069 
136 
44349 
ВКУПНО 
1078454 
109489 
195275 
894754 
59715 
1149743 
Според просечната дрвна маса на единица површина во Државата од 105 m
3/ha, 
оптималната отвореност на шумите би требало да изнесува 12,3 m/ha, што ќе се обезбеди со 
изградба на 2.116 km нови шумски патишта,односно вкупно околу 10.389 km. За остварување 
