Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
182 
6.1.2. Шуми и шумско земјиште 
Одржливото управување со шумите наметнува потреба од промени во нивоата и 
содржината на планирање во шумарството, како и учество на јавноста, особено заедниците 
во или непосредна близина на шумите, како и обезбедување мултифункционален пристап во 
користење то и регенерација на шумските ресурси. За таа цел неопходна е изработка и 
донесување на Општ план за стопанисување со шумите во Државата
, со кој се одредуваат 
функциите и намената на шумите, целите и мерките за унапредување и заштита на шумите, 
како и Посебни планови за стопанисување со шуми, со кои се утврдуваат потребните 
активности за реализирање на зацртаната политика за шуми со приорит
етна функција 
производство на дрво и Посебни планови за одгледување и заштита на шуми, за шуми со 
посебна намена. 
6.1.2.1. Пошумување 
Зголемувањето на површината под шуми во планскиот период воглавно ќе се 
обезбеди со активности за пошумување, кое ќе се изведува 
со годишен интензитет од 
најмалку 1200 hа/годишно, во сооднос 60 % во шума и 40 % вон шума. Во однос на видовите, 
приоритет има примената на автохтони видови, особено пирорезистентни и сушоотпорни 
видови. 
Најопт имални методи на обновување во чистите и мешаните високостеблени шумски 
насади се групимично пребирната сеча и комбинираните методи на природно обновување. 
Во насади од 
изданково потекло, треба да се преземат мерки за трансформација во 
средностеблени и високостеблени шумски насади со крајна цел создавање на природни 
шумски насади од генеративно потекло. Најдобри методи за постигнување на таа цел се 
методите на индиректна 
и комбинирана конверзија и примена на осеменителни сечи во 
насадите со поквалитетна структура и на подобро месторастење. Мелиорацијата на 
деградирани шуми и шикари треба да се реализира со интензитет од 2 % годишно, со 
примена на концептот на шумарство поблиску до природата. 
Табела бр. 58 Проекција на пошумување 
 
  
 
Регион 
Можна површина за 
пошумување 
Годишен интензитет на 
пошумување 
Реална површина за 
пошумување 
Необрасната 
површина во 
ШСЕ (ha) 
Еродирана 
I–III категорија 
(ha) 
Вкупно 
(ha) 
Во шума 
(ha) 
Вон шума 
(ha) 
2030 
(ha) 
2040 
(ha) 
Источен 
19473 
29023 
168 
101 
67 
1676 
3351 
Југоисточен 
17210 
13297 
105 
63 
42 
1054 
2108 
Североисточен 
5151 
18330 
81 
49 
32 
811 
1622 
Вардарски 
29237 
43218 
250 
150 
100 
2503 
5007 
Пелагониски 
21452 
53692 
260 
156 
104 
2596 
5192 
Југозападен 
17008 
28262 
156 
94 
63 
1564 
3128 
Пoлошки 
3410 
31189 
120 
72 
48 
1195 
2391 
Скопски 
8198 
9182 
60 
36 
24 
600 
1201 
Вкупно 41 
121139 
226193 
1200 
720 
 480 
12000 
24000 
Пошумувањето се врши во рамките на т.н. шумска зона (де
л кој е опфатен со 
шумскостопански основи), односно необраснато земјиште, на површини девастирани од 
 
41 Податоците се превземени од ЈПНШ и МЗШВ
 
