Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
175 
Ц2 – Зајакнување на капацитети за управувањето со ризикот од катастрофи преку 
управувањето со ризикот на национално, регионално и локално ниво и за обезбедување на 
кохерентност на националните и локалните рамки на закони, регулативи и јавни политики;
 
Ц3 – Инвестирање во намалување на ризикот од катастрофи за обезбедување на 
отпорност на општеството; 
Ц4 – Подобрување на подготвеноста за ефективен одговор при катастрофи како и за 
обновување, рехабилитација и реконструкција преку интегрирање на мерките за 
намалување на ризикот од катастрофи. 
5.18.2. Воени разу рнувања 
Општи цели
 на одбраната кои произлегуваат од одбранбените интереси на 
Државата, а се прокламирани со Уставот и Националната концепција за безбедност и 
одбрана се: 
- 
Заштита на независноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на 
меѓународно признатите граници на Државата; 
- 
Обезбедување на одбранбени капацитети за гарантирање на безбедност и слобода 
на граѓаните; 
- 
Учество во соодветни кооперативни и колективни одбранбено безбедносни 
аранжмани на НАТО и ЕУ; 
- 
Воспоставување на мир, безбедност и стабилност во регионот, Европа и во светот;
 
- 
Поддршка на цивилните институции во различни кризни ситуации и услови.
 
Посебни цели 
Ц1 - Зголемување на отпорноста на системот во справувањето со ризиците и 
заканите; 
Ц2 - Унапредување на постојните и развивање нови способности за ефективно и 
ефикасно функционирање на системот; 
Ц3 - Транспарентност и одговорност во заштитата на одбранбените интереси и 
остварувањето на одбранбените цели; 
Ц4 - Унапредување на одбранбеното планирање во согласност со стандардите на 
НАТО и на ЕУ; 
Ц5 - Ефективност и рационална искористеност на човечките, материјалните и 
финансиските ресурси; 
Ц6 - Зголемување на свесноста и довербата кај населението за значењето на 
системот за одбрана во развојот на демократското општество.
 
5.19. Развојни приоритети 
Врз основа на усвоената визија за долгорочен просторен развој на Државата, освртот 
на реализација на планските решенија од Просторниот план на Република Македонија 
(2002 -2020 ) и дефинираните цели по одделни области кои се предмет на разработ ка на овој 
План, а имајќи ги предвид стратешките приоритети на Владата на РСМ, приоритети
те за 
просторен развој на Државата до 2040 година се: 
- 
Демографска стабилност и рамномерен просторен развој
; 
- 
Подобрување на инфраструктурната поврзаност со посебен акцент на транспортната 
инфраструктура ; 
