Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
174 
5.16. Заштита на природата 
Основната цел во областа на заштита на природата е зачувување на биолошката и 
пределската разновидност, природните реткости и вредности, во услови на одржлив 
просторен развој, преку воспоставување на мрежа од заштитени подрачја.
 
Посебни цели 
Ц1 – Заштита на биолошката разновидност со национално и меѓународно значење;
 
Ц2 – Одржливо и ефикасно управување со пределите;
 
Ц3 – Ревитализација на деградирани живеалишта. 
5.17. Културно наследство 
Следејки го интегративниот и мултидисциплинарниот пристап во заштитата и 
користењето на недвижното културно наследсто, се утврдуваат следните 
општи цели : 
- 
Унапредување на законската рамка, институционалниот капацитет и системот за 
финансирање во заштитата на културното наследство;
 
- 
Разбирање на културното наследство и неговото значење;
 
- 
Одржливо управување со културното наследство, зачувување на просторот и 
развивање на инфраструктура за културните потреби;
 
- 
Создавање одржлив и просперитетен сектор на културното наследство кој ја 
поддржува креативноста и иновативноста, давајќи значаен придонес во економијата
. 
Посебни цели 
Ц1 – Донесување на усогласена законска регулатива и стратешки документи од 
областа на заштитата на културното наследство и допирните области, зајакнување на 
инстиуционалните капацитети и системот на финансирање;
 
Ц2 – Интензивирање на отворена комуникација со локалната самоуправа, 
сопствениците на недвижно културно наследство, граѓанските здруженија и сите други 
заинтересирани страни; 
Ц3 – Одржливо управување со културното наследство и негово економско 
вреднување. 
5.18. Природни непогоди
, 
техничко -технолошки хаварии
 
и воени 
разурнувања 
5.18.1. Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии 
Општа цел за намалување на последиците од природни непогоди и технолошки 
хаварии е намалување на ризикот и промовирање на култура на отпорност на катастрофи, 
што се обезбедува преку осознавање на опасностите, физичката, социјалната, економската и 
еколошката ранливост с
о кои се соочува земјата, на краток и долг рок проследено со 
активности преземени врз оваа основа. 
Посебни цели 
Ц1 – Проценка и управување со ризикот од катастрофи во сите негови димензии: 
карактеристики на опасност (непогода/хаварија), ранливост/капацитет, изложеност на лица 
и средства, и животна средина; 
