Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
173 
Ц3 – Обезбедување на широкопојасни телекомуникациски услуги на целата 
територија на државата за рамномерен и континуиран регионален развој;
 
Ц4 – Примена на ИКТ за 
зачувување на здравјето и благосостојбата
 на луѓето и 
околината; 
Ц5 – Обезбедување модерни и ефикасни поштенски услуги.
 
5.13. Геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка за 
ППРСМ 
Општа цел за организација, размена и одржување на системот на геопросторни 
податоци е изградба на комплетно дигитализирана и интероперабилна платформа на 
стандардизирани, разменливи просторни податоци и сервиси, безбедна, скалaбилна и лесно 
надградлива, преку која 
е овозможен контролиран кориснички пристап до релевантни 
плански содржини, картографска визуелизација и ефикасно следење на спроведувањето на 
просторниот план. 
Посебни цели 
Ц1 – Воспоставување на интероперабилна платформа за лесна размена на 
стандардизирани просторни податоци и сервиси од различни извори; 
 
Ц2 – Воспоставување на ефикасна платформа за следење на спроведувањето на 
просторниот план, негово ажурирање и дополнување; 
Ц3 – Сајбер безбедност и заштита на податоци; 
Ц4 – Изградба на хибридна ИТ инфраструктура.
 
5.14. Животна средина 
Општа цел при заштита на животната средина
 е подобрување на состојбата во 
животната средина преку следење на промените, интегрално и одржливо управување со 
медиумите и областите во животната средина, санација, ремедијација и рекултивација на 
деградираните површини и интегрирано управување со отпад
от. 
Посебни цели 
Ц1 – Подобрување на квалитетот на медиумите во животната средина;
 
Ц2 – Намалување на емисиите од изворите на загадување; 
Ц3 – Планско уредување на деградирани простори. 
5.15. Климатски промени 
Општа цел
 за ублажување на влијанијата и адаптација на последиците од 
климатските промени подразбира организација на просторот и дејностите во согласност со 
очекуваните климатски промени, намалување на емисиите на стакленички гасови, 
намалување на ранливоста и ризиците предизвикани од негативните влијанија на 
климатските промени, како и зајакн ување на отпорноста кон истите. 
Посебни цели 
Ц1 – Усогласување на секторските политики со политиките и сценаријата во областа 
на климатските промени; 
Ц2 – Намалување на ранливоста и ризиците од климатските промени.
 
