Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
172 
5.10.2. Водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
Општи цели 
- 
Редуцирање на фреквенцијата и сериозноста на последиците од неповолните појави 
(суша, поплава и прекумерно загадување), идентификација и евалуација на 
алтернативни мерки за зголемено водоснабдување и производство на хидроенергија, 
како и подобрување на ква литетот на водата; 
- 
Управување со конфликтите при повеќенаменското користење на реките, низ 
рационално и одржливо планирање и управување со водните ресурси.
 
Посебни цели 
Ц1 – Изградба на комплексни водостопански системи со кои се постигнува временска 
и просторна распределба на расположливите водните ресурси според потребите на 
корисниците на вода; 
Ц2 
– Одржливо користење на водите (усогласеност во користењето и 
расположивоста на водните ресурси); 
Ц3 – Резервирање и заштита на просторот наменет за 
формирање на акумулации. 
5.11. Енергетика 
Општа цел на просторниот развој на енергетската инфраструктура е безбедно 
снабдување со енергија на потрошувачите, заштита на енергетскиот потенцијал, 
зголемување на ефикасноста на енергетските системи, оптимална просторна дистрибуција 
на енергетските капацитети и енергетската инфраструктура.  
Посебни цели 
Ц1 – Рационализација на производството и потрошувачката на конвенционалните 
енергенси; 
Ц2 – Изградба на нови енергетски капацитети и зголемено користење на обновливите 
извори на енергија; 
Ц3 – Намалување на загубите и зголемување на нивото на енергетска ефикасност;
 
Ц4 – Модернизација на енергетските капацитети, технолошко подобрување на 
објектите за заштита на животната средина. 
5.12. Телекомуникации 
Општа цел за развој на телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура 
е формирање на модерни, стабилни и доверливи телекомуникациски мрежи на целата 
територија на Државата, кои ќе овозможат квалитетни комуникации и ефикасно користење 
на широк опсег на инова
тивни широкопојасни услуги за граѓаните, приватните компании, 
институциите и јавните претпријатија.  
Во однос на поштенскиот сообраќај, основната цел на развојот е обезбедување на 
доверливи поштенски услуги на целата територија на Државата. 
 
Посебни цели 
Ц1 – Изградба на телекомуникациска инфраструктура за поддршка на дигиталната 
трансформација и паметната специјализација;  
Ц2 – Безбедност и интегритет на јавните телекомуникациски мрежи и услуги;
 
