Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
170 
Ц2 – Целосно покривање на контингентот во задолжителното (основно и средно) 
образование и подобрување на достапноста и воедначување на квалитетот;
 
Ц3 – Подобрување на пристапот до средно и високо образование за млади од помали 
градови и рурални населби ; 
Ц4 – Подобрување на квалитетот и достапноста на примарната и превентивната 
здравствена заштита; 
Ц5 – Поддршка за основање и функционирање на поливалентни центри и различни 
услуги на дневни центри и активности во областа на социјалната заштита, како и 
зголемување на вклученоста на социјално загрозените групи во сите сектори на јавните 
услуги; 
Ц6 – Унапредување на просторот за спорт и рекреација на ниво на локални заедници. 
5.7. Економски развој 
Општите цели 
- 
Одржлив и динамичен економски развој преку развој на претприемништвото, 
иновациите, продуктивноста и поддршка на малите и средните претпријатија 
согласно просторните потенцијали,  
- 
Развој на регионални пазари на труд, висококвалификувана работна сила и одржливи 
инвестиции во човечки капитал.  
- 
Рамномерен регионален развој со поттикнување 
рамномерна дистрибуција на 
производните и услужните дејности, економски развиени плански региони и 
фискално одржливи општини .  
Посебни цели 
Ц1 – 
Поттикнување и поддршка на претприемништвото, иновациите и 
конкурентноста; 
Ц2 – Просторен пристап во политиките за поддршка во развојот на бизнисите и 
привлекување на странските директни инвестиции;
 
Ц3 – Унапредување на деловното окружување и формализација на неформалната 
економија; 
Ц4 – Интегрирање на интенцијата за заштита на квалитетот на животната средина во 
производните и услужните сектори; 
Ц5 – Унапредување на системот за рамномерен регионален развој и елиминирање на 
регионалните диспаритети во обезбедувањето на јавни услуги и подобрување на квалитетот 
на живот; 
Ц6 – Економски развиени, иновативни и фискално одржливи општини.
 
5.8. Туризам 
Општата цел 
Поттикнување на високо квалитетен и одржлив туризам преку рационално 
користење на просторот, воспоставување оптимална функционална организација на 
туристичките просторни целини и унапредување на управувачките процеси.
 
Посебни цели 
Ц1 – Користење на туристичко 
- географската положба и континуирано 
унапредување на поврзаноста на национален и меѓународен план;
 
