Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
169 
Ц4 – Воспоставување на хиерархија на урбани системи и центри врз основа на 
супсидијарност на јавните служби, услугите и сервисите со децентрализација на овие 
функции; 
Ц5 – Трансформација на помалите урбани центри во руралната средина во 
прогресивни и просперитетни центри на руралните подрачја;
 
Ц6 – Рационално, ефикасно и одржливо користење на земјиштето и управување со 
земјишниот фонд и спречување на натамошната трансформација на продуктивното 
земјиште во градежно, за потребите на урбано ширење; 
Ц7 – Планско контролирање на ширењето на градежното подрачје со реално 
согледување на потребите за простор; 
Ц8 – Севкупна обнова и санација на градежното наследство со цел унапредување на 
локалниот, регионалниот и националниот идентитет на просторот.
 
5.6.1. Домување 
Општи цели 
- 
Обезбедување на соодветно и одржливо домување за сите граѓани со поддршка и 
ангажман од страна на државата и локалните заедници; 
- 
Запирање и контрола на бесправна градба, и унапредување на основните услови за 
домување во постојните неформални и субстандардни станбени населби. 
Посебни цели 
Ц1 – Подобрување на достапноста на становите низ унапредување и интензивирање 
на станбената поддршка за семејства со низок социјален статус и намалување на трошоците 
за домување; 
Ц2 – Унапредување и зачувување на квалитетот на постојниот станбен фонд преку 
обнова, реконструкција и одржување; 
Ц3 – Усогласување на изградбата на станови со станбените потреби и контрола на 
почитување на стандардите и квалитетите во изградбата;
 
Ц4 – Санација и уредување на претходно изградени неформални, под стандардни 
населби и ромски енклави, со поттикнување на социјалната интеграција и инклузија; 
 
Ц5 – Доследно спроведување на забраната за легализација на станбени објекти на 
земјиште кое е неповолно за градење или за живот на населението и објекти на површини за 
јавна намена; во зони под режим на заштита на природата и културните добра и др.
 
5.6.2. Јавни функции 
Општи цели 
- 
Остварување на минимални стандарди на квалитет на услугите од јавен интерес за 
сите граѓани; 
- 
Подобрување на достапноста и квалитетот на јавните услуги, особено во руралните 
области, областите со мала густина на населеност и чувствителни категории на 
население. 
Посебни цели 
Ц1 – Зголемување на опфатот на деца од предучилишно образование и во градските 
и во руралните населби; 
