Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
168 
5.5. Демографија 
Општи цели 
- 
Намалување на негативните демографски трендови на миграциите и природното 
движење на населението, со цел намалување на постојните диспаритети во 
просторната разместеност на населението. 
- 
Интегрален пристап кон порастот на старото население, поддршка на активното 
стареење и зголемување на негово учество во општеството, со респектирање на 
регионалните и локалните специфичности. 
- 
Oптимална искористеност на демографските ресурси со акцент на расположливото
 
работоспособно население на ниво на региони и општини. 
 Посебни цели 
Ц1 - Конципирање и имплементација на системски мерки за намалување на 
интензитетот на трајната емиграција во странство врз основа на идентификувани push 
фактори и поефикасно управување на внатрешните миграции;
 
Ц2 - Пораст на наталитетот преку креирање на политика за поттикнување на 
раѓањата (преку материјална и нематеријална помош на семејствата), базирана на 
репродуктивната основа на населението; 
Ц3 - Намалување на смртноста преку унапредување на здравствената заштита;
 
Ц4 - Креирање на политика за активно стареење и грижа за старите лица; 
 
Ц5 - Отворање на нови работни места и зголемување на формалната вработеност, 
особено во малите општини и неразвиените подрачја, како предуслов за зголемување на 
стапката на нупцијалитет, наталитетот и природниот прираст и намалување на емиграцијата.
 
5.6. Урбан развој 
Општи цели 
- 
Оптимизација на постојниот урбан систем преку подобрување на функциите на 
центрите и јакнење на демографскиот капацитет, унапредување на 
инфраструктурната опременост и искористување на географската положба за 
функционална специјализација и конкурентност, 
- 
Рационално користење на земјиштето и трајно зачувување на земјоделските и 
шумските површини во согласност со принципите за одржлив развој,
 
- 
Зачувување и унапредување на урбаниот идентитет на градските населби, како и 
негово промовирање и користење во развојните планови, програмите и проектите на 
национално, регионално и меѓународно ниво. 
Посебни цели 
Ц1 – Јакнење на урбаните подрачја како основна структурна единица на просторното 
организирање; 
Ц2 – Одржливо и ефикасно управување со формираното метрополско подрачје 
Скопје; 
Ц3 – Полицентричен развој на агломерациите Битола, Прилеп, Охрид и Струга, како и 
Струмица, како инструмент на контролирана концентрација;
 
